Две момчиња синоќа биле претепани од неколку непознати лица во слаткарница на улица „Владимир Комаров“ во скопската населба Аеродром.
МВР соопшти дека околу 22.20 часот Ф.Ц.(19) и А.М.(20), без повод и причина, физички биле нападнати од пет- шест непознати машки лица, кои биле гости во слаткарницата. Ф.Ц. и А.М. биле пренесени во болницата „РеМедика“, каде на Ф.Ц. му се констатирани тешки телесни повреди.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.