Во ходникот
Закачете ја иконата наспроти влезната врата, бидејќи ги благословува оние што влегуваат и оние што излегуваат од домот.
На источниот ѕид
Свештеникот ќе ви каже дека иконата треба да се постави на источниот ѕид за да се запази правилото на црквата. Олтарот односно најсветиот дел во црквата е поставен на исток(тоа е делот каде влегуваат само свештениците) и додека трае службата верниците се свртени кон олтарот, односно кон исток.
Истокот во христијанството го симболизира Христовото Воскресение. Исто така добро би било пред иконата на имате кандило што претставува еден вид почит кон светецот заштитник на домот.
Во детската соба
Овде не е важно на кој ѕид се наоѓа иконата бидејќи децата се чисти и безгрешни како ангелите. Целта на иконата во детската соба е Ангелот покровител и светителот на вашиот дом деноноќно да бдеат над вашето мало богатство.
Под перница
Многу луѓе кои имаат проблематичен сон, кошмари, страдаат од месечарење и слино, поставуваат икона од својот Светител заштитник под перницата додека спијат. Црквата не го негира ова.
На бирото
Зависи кој влегува во просторијата и дали сакате да знаат за таа страна на вашата личност. Но некои луѓе ја поставуваат иконата на бирото да им помага и штити и да им донесе успех во она што го работат.
Без разлика кое место ќе го изберете за вашата икона, црквата препорачува во секој дом да биде присутна барем една икона која ќе ве потсетува секојдневно на христијанскиот морал и етика, ќе ви напомни дека треба да се молите и дека најважните нешта во животот се во Божји раце.