Родители чувајте ги своите деца- Поради оваа игра загинале повеќе од 100 тинејџери


Играта „Синиот кит“ излезе во 2015 година, а за да стигнат до целта, играчите мораат да „решат“ вкупно 50 задачи дневно.

Во задачите е вклучено физичко и психичко повредување, од типот на: продупчување на рацете, будење во 4.20 часот, правење лузни, како и забрането разговарање со кого било во текот на целиот ден… Исто така, една од задачите е натпреварувачите да се искачат на висока зграда и да ги пуштат нозете слободно да им висат од работ.20170415-smrtonosna-igra-zema-zamav-vo-evropa-m-115445

Она што е најстрашно и бизарно е последната задача, а тоа е натпреварувачот да изврши самоубиство  што ја симболизира и ја отсликува самата игра „Синиот кит“.

Задачите се делат преку лажни профили, а генерално правило е никому ништо да не му се кажува. Тие беспоговорно се извршуваат, независно какви се, а отворените групи се поврзани со депресивни цитати, слики, докази за тоа дека животот е бесмислен. Вкупно биле забележани 45.000 такви објави. Но, се покажало дека профилите биле лажни.

Резултатот од истрагата е апсење на неколку личности поради поттикнување самоубиство. Набрзо биле избришани сите јавни групи и објави кои се означени преку клучните зборови како што се син, кит, море, игра, тивок дом итн.

Корисниците кои продолжиле да ги употребуваат овие ознаки биле блокирани.

Играта е распространета низ регионот, а ја играле и тинејџери во Бугарија, Унгарија, Романија и Полска, а во Франција.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1