Автор на интервју – Татјана Станковиќ ( Борд на Директори на ПХД СИСТЕМ ИНТЕРНАЦИОНАЛ ) со Александар Акрура Тодоровиќ ( Светски бизнис консултант и консултант за животни прашања )
БИЗНИС – СПИРИТУАЛНОСТ ( РЕЛИГИОЗНОСТ ),
ДАЛИ ИМА КОНЕКЦИЈА !?
Бизнис/Работа – Спиритуалност има ли едното со другото врска ?
Каква е таа врска и колку едното со другото можат или неможат?
Дали општеството може да функционира подобро ако врската постои и е силна !?
На сите овие прашања и многу други ни одговара г-дин Александар Акрура Тодоровиќ, светски бизнис консултант и консултант за животни прашања со одржани преку 2000 консултантски сесии во 29 земји во светот од 2000 год.
Т.С.: Многу луѓе сакаат да постигнат успех во животот и во нивниот бизнис и најчесто на почетокот не знаат како? Некако започнуваат некој бизнис, постигнуваат одреден успех, но застануваат некаде. Од друга страна, стекнуваат одредена дисциплина, стануваат подобри луѓе и ја подобруваат комуникацијата со своите бизнис партнери бидејќи сфаќаат дека тоа е неопходно.
А бидејќи слушнале некаде или имаат семеен обичај, практицираат и се придржуваат до одредена духовност ( религиозност ). Но во нивниот живот не постои никаква поврзаност помеѓу нивниот професионален бизнис живот и нивниот духовен живот. Тоа не наведува да Ве прашаме: Постои ли поврзаност помеѓу Бизнисот и Духовноста?
Акрура: Дефинитивно постои јасна и силна врска помеѓу духовноста и бизнисот/работата. Постојат духовни закони на успехот кои неколку познати учители денес ги промовираат и подучуваат.
И во основа постојат многу духовни принципи кои се користат во бизнис едукацијата, бизнис тренингот, маркетинг обуките и слично. Но не се секoгаш препознавани како духовни. Така постои феномен на етички бизнис, постои духовност на работното место, има многу курсеви кои не учат како да живееме и работиме во доброст. Иако Тони Робинс вели живејте во страст, самиот тој подучува на многу принципи на добрина. Така во овој разговор може да говориме за конкретните принципи кои во својата природа се духовни.
Т.С.: Добро, постои поврзаност помеѓу бизнисот/работата и духовноста. Но се наметнува прашањето зошто постои поврзаност помеѓу бизнисот/работата и духовноста и зошто оваа врска е толку блиска?
Акрура: Едноставно е. Животот е неделива целина. Ние не сме еднострани или еднодимензионални суштества. Имаме најмалку четири димензии, а некои луѓе велат дека се и повеќе, но јас сакам да ги предложам четирите човечки капацитети или четирите човечки потреби кои се дел од животот, многу јасен, конкретен, дел од животот.
Една од нив е духовниот дел од животот, друга е физичкиот дел од животот кој се однесува на нашето тело, нашата физичка добросостојба, нашето здравје. Една е умствена. Како нашиот ум и интелигенција работат, како ја користиме нашата креативност и четвртата е емоционалната страна на животот, како се поврзуваме со другите луѓе, како искажувме љубов, како примаме љубов. Значи животот е неделива целина, како што рекол Ганди, и секоја област влијае на останатите области. Ако имате кола со четири тркала и ако едно се расипе колата ќе вози некое време, но на крај ќе мора да застанете за да ја поправите. Слично, ако некоја од овие четири области не функционира, тоа ќе се одрази на останатите три. Мораме да и се посветиме на таа област и да се обидеме да ја поправиме.
Т.С.: Дали ова значи дека Бизнисот/работата не може да функционира без духовност?
Акрура: Бизнисот може да функционира без духовност и духовни принципи, но не за долго време. Гледаме дека луѓето кои ги занемаруваат тие принципи на успехот тераат одредено време, но по некое време работата опаѓа и бизнисот престанува да функционира.
Постојат многу вакви примери. Следниов пример е за еден ресторан кој започнал да ги заопставува своите клиенти. На почетокот персоналот бил многу љубезен и внимателен со муштериите, но потоа станале многу познати и тоа ги направило горди. Го запоставиле принципот за грижа за муштериите и исто така … квалитетот на продуктите. Почнале да купуваат евтина храна и продукти кои не биле толку квалитетни и полека квалитетот на препарациите кои ги подготвувале опаднал. И полека, полека, всушност, тоа се случило кога се смениле менаџерите кои сакале да бидат поефикасни и сакале да ги експлоатираат клиентите и сопствената репутација и полека, полека бизнисот се затворил бидејќи го запоставиле единствениот принцип кој им го довел првичниот успех.
Т.С.: Имам еден пријател на кој се обидував да му објаснам дека секој ден мораме да стануваме се подобри луѓе за да бидеме поуспешни во работата. И тоа е духовен принцип. Тој ми рече дека тоа не е така бидејќи тој има толку многу пријатели кои имаат пари, а се однесуваат толку грдо. Зборуваат лошо, немаат добри односи со семејството, немаат добра комуникација со вработените, прават лоши работи, а сепак бизнисот е успешен. Како е тоа возможно? Овие луѓе имаат пари. Тоа е неговото прашање. Јас го поставувам истото прашање?
Акрура: Ова е многу добро, многу практично прашање, а одговорот е многу едноставен. Тие ги трошат нивните собрани кредити. Заради начинот на кој се однесувале во минатото си создале малку добра карма или добри кредити, но во моментов се чини дека тие не мораат повеќе да ги следат овие принципи и дека можат да прават што сакаат. Можат да се однесуваат лошо, а сепак да се чини дека се успешни.
Така ако некој е успешен, а во исто врме се чини дека ги крши законите на успехот, духовните закони на успехот, неговиот успех е краткотраен, минлив. Ако сакате долотраен успех кој ќе продолжи и по овој живот тогаш мора да ги следите овие закони на успехот.
Така, значи интелигентниот бизнисмен сака долготраен успех. Сака клиенти кои ќе му бидат верни цел живот, со кои ќе соработува цел живот, а не клиенти за една продажба, една зделка. Ваквите бизниси постануваат многу, многу големи и постигнуваат огромен успех.
Т.С.: Следново прашање се надоврзува на претходното. Може ли бизнисот да биде чесен и во врлина (доблест) без духовност?
Акрура: Всушност врлината ( доблеста ) или доброста се духовни одлики. Потекнуваат од духовноста. Затоа бизнисот не може да биде успешен без нив и во последно време гледаме дека дури и политичарите се советуваат со врвни учители за лидери.
Знаеме дека во политиката има многу корупција и измами и секако дека овие учители не го охрабруваат тоа. Тие не велат: “Ве молиме продолжете со вашите стратегии за корупција и за вешто лажење!”. Тие ги подучуваат…
Имаат еден експерт за доверба… Довербата е духовен принцип. Што е доверба? Како можеме да му веруваме некому? Како може некој да ја заслужи нашата доверба? Постојат две работи кои се неопходни за да стекнеме доверба во некого: карактер и способност. Така ако некој има добар карактер тогаш е добронамерен, поседува добри одлики. Личноста која има добар карактер е добронамерна, поседува добри одлики. Нејзината комуникација е многу пријателска, љубезна и трпелива. Можеме да и веруваме. Но тоа не е доволно за потполно да и веруваме. Треба да покаже и способност. На пример, ако сте способен консултант, експерт во нешто, како забар или хирург, тогаш луѓето можат да ви веруваат. Може да бидете добри луѓе, но ако немате вештина, ако постојано го вадите погрешниот заб не можеме да ви веруваме. Од друга страна, можете да бидете многу стручен во извршување на некои технички работи или рачно изработени работи, но секогаш наплатувате поскапо или постојат некакви скриени трошоци, не можеме да ви веруваме како на добар бизнисмен. Значи потребни се карактер и способност за некој да има доверба во вас. Тоа е духовен принцип.
Т.С.: Кој е најдобриот начин да ги употребиме овие духовни принципи во Бизнисот/работата? Можете ли да ни посочите некои духовни принципи кои можеме да ги употребиме во Бизнисот/работата, иако, колку што јас разбрав сите духовни принципи можат да се искористат во Бизнисот/работата?
Акрура: Ќе посочам неколку духовни принципи. Веќе ја спомнав довербата. Многу важна работа во бизнисот и во животот е да даваме и одржуваме ветувања, и да ги исполнуваме ветувањата кои сме ги дале. Ако сакате да изградите доверба мора да ги исполнувате ветувањата, мора да го исполните она што сте го ветиле. Ако ми веатите дека вашиот продукт, производ ќе ми помогне, а не успее да ми помогне, не си го одржувате ветувањето. Или треба да откриеме зошто не ми помага. Можеби не го користам правилно. Можеби треба да ме обучите и да ме едуцирате како правилно да го користам за да ги добијам посакуваните резултати. Еден друг многу важен принцип во работата, дауховен принцип, е принципот на взаемна добивка. Барање на заедничка корист во сите интеракции. Овој пристап всушност, навистина обезбедува долготрајни врски, долготрајна взаемна корист, добивка. Забележуваме дека ова делува и на маркетингот. Вашата маркетинг инвестиција и трошоци ќе бидат многу помали ако го имате овој пристап во бизнисот бидејќи тогаш самите клиенти се ваша бесплатна маркетинг сила. Тие ќе ви донест нови клиенти бидејќи ќе ги препорачуваат вашите услуги и продукти, а тоа е духовен принцип. Овие што ги набројавме се неколку, а ги има многу.
Т.С.: Значи сето ова што го споменавме подразбира дека ако духовноста е сплотена со бизнисот, кога постои синергија помеѓу духовноста и бизнисот/ работата, резултатите ќе бидат подобри? Имате ли искуство со два слични бизниси од кои во едниот биле применети сите духовни принципи, а во другиот не и првиот постигнал подобри резултати? Дали имате ваков пример или искуство?
Акрура: Ќе ви дадам еден многу познат пример. Верувам дека секој бизнисмен, секој бизнис лидер е свесен за работата на Џим Колинс. Тој ја има напишано книгата “Good to Great”, која е студија за тоа како добрите компании станале најдобри и како останале најдобри. Тоа е многу прагматична книга. Тоа не е идеалистичка книга. Всушност се е базирано врз искуство. Постојат многу опипливи мерки и докази за тоа како компаниите останувале успешни многу, многу години. Неговите критериуми биле многу строги. Две компании на кои ми текнува се World Greens, тоа е американска компанија која не е толку присутна во Европа, и Gilette, која ја занаат сите. Знаете, имаат креми за бричење, бричеви, разни работи.
Тој именува единаесет компании кои ги исполнуваа највисоките стандарди кои треба да ги задоволи една врвна компанија. Значи тука повторно ќе споменеме дека нивниот успех е поврзан со довербата, со спојот на карактер и способност. На пример, Џим Колинс го има развиено концептот за лидер. Лидер е некој кој поседува цврста професионална волја и понизност. Тоа бил резултатот од неговото проучување. Овие лидери биле неверојатни водачи. Биле поддржувачи на илјадници гении. Постои феномен на славен водач кој всушност е гениј со илјада помошници. Но големите компании имаат водачи кои се….. и тие поддржувачи на илјада гении. Тие имале луѓе кои се неверојатни водачи на нивните тимови. И тие не се поставувале како слвни водачи. Оваа студија е многу практична. Можете да ја прочитете. Ова е опиплив доказ како духовните принципи се применуваат во бизнисот и како им помагаат на компаниите да станат успешни.
Т.С.: Дали сето ова подразбира дека резултатите ќе изостанат ако нема духовност во бизнисот?
Акрура: Како што веќе споменав, резултатите ќе бидат присутни. Ме прашавте за некој лош човек кој бил многу успешен. Ме прашавте што мислам јас за тоа. Moже да постигнете резултати, но многу, многу важен критериум за мерка е за колку долго. Можете да бидете успешни некое време, но не можете долго да бидете успешни ако ги кршите духовните закони на успехот.
Т.С.: Добро. Дали е важно да ги образуваме луѓето да станат подуховни? Мислам на луѓето кои работат во компаниите. Или е поважно кога комуницираме со клиентите да ги почитуваме духовните принципи? Или и двете?
Акрура: Сметам дека за да бидеме успешни во овој свет кој има своја духовна страна и своја материјална страна потребни се и двете. Потребна ни е синергијата на материјалното и духовното.
И еден принцип кој прво ќе го објаснам на санскрит е многу моќен принцип. Се вика Yukta Vairagya. Потекнува од еден многу прекрасен учител од петнаесеттиот век: Рупа Госвами. Тој вели дека можеме да користиме се од материјалниот свет, но да го употребиме за добробит на другите. Употребете го за добра цел, не за да ги експлоатирате другите. Не го користете за нешто лошо. И на тој начин можеме да ги користиме неограничените ресурси кои ни се на располагање. Пари, материјали, опрема… во неограничени количини. Ако ги користиме за добри цели. На тој начин можеме да им бидеме корисни на другите и на себе си, а нашата употреба на материјалните работи ќе се темели врз духовноста.
Значи потребни ни се и двете. Ни треба таа синергија на духовното и материјалното.
Т.С.: Кој е најдобриот начин да им се претстави духовноста во бизнисот на луѓето? Постои ли одредена техника или семинар или метод или секојдневни инструкции (брифинзи) со луѓето? Кој е најдобриот и најлесниот начин?
Акрура: За да им ги приближиме духовните принципи на луѓето потребно е да ги едуцираме. Потребно е редовно да ги едуцираме. Не само еден семинар годишно, туку најмалку еден семинар месечно проследен со лични консултации (coaching).
На пример, ова интeрвју веќе е еден вовед и она што тука им го претставувам на нашите читатели се придобивките од духовноста во бизнисот. Којa е таа добробит? Добробитта е во постигнувањто подобри резултати. Особено во постигнувањето долгорочни резултати. Верувам дека повеќето бизнисмени сакаат долгорочни резултати и затоа би биле заинтересирани. Затоа духовниот бизнис не е некаков идеалистички сон. Всушност е многу практичен, а практично значи резултати. Секој сака резултати и ако постои начин да се постигнат долгорочни резултати сигурно би биле заинтересирани.
Т.С.: Едно прашање ми дојде на ум. Дали е возможно главниот основач или директор на главниот одбор на компанијата да не е во врлина ( доблест) и не практикува духовни принципи, а сепак сака да ги едуцира своите вработени. Возможно ли е водачот на компанијата, основачот, директорите да не се духовно едуцирани, а сепак да сакаат да ги образоваат луѓето кои работат во компанијата за духовните принципи. Дали е тоа возможно?
Акрура: Ова е многу добро прашање и верувам дека тоа често се случува. На моите семинари го поставувам истото прашање: Колкумина од вас мислат дека луѓето кои треба да го чујат ова не се тука? Во мојата работа со луѓе ширум светот всушност одам во компании, во институции и подучувам и главните момци, оние од врвот не се присутни. Тие ги охрабруваат луѓето да одат на семинарот, сакаат нивните луѓе да слушнат за ова, но самите не доаѓаат. Секако повеќето луѓе мислат дека токму тие се оние на кои им е најпотребно да го слушнат тоа.
Што да се прави во таква ситуација? Видете, можете да започнете пресврт, можете да започнете промена од кој било дел на компанијата, од која било индивидуа во компанијата. Овој принцип се нарекува трин таб. Трин таб е малечко кормило на бродот. Едно мало кормило може целосни да ја смени насоката на бродот иако се движи поспоро од големото кормило. Да речеме дека ова кормило е личност која има мало влијание. Но ако започне да ја прави вистинската работа, ако започне да ги применува овие моќни принципи, полека нејзиното позитивно влијание ќе се рашири и полека ќе придонесе во создавањето на култура која се темели врз овие принципи. Секако има голема предност ако главниот менаџмент деде поддршка, ако има поддршка од главнотт менаџмент. Но дури и ако не ја поддржат, културата ќе се рашири и овие луѓе или ќе мораат…. и ќе го поддржат тоа со сопствениот пример или ќе мораат да си заминат на некое друго место. Така, според мене, промената може да започне од кој било дел од компанијата и резултатите ќе следат и ќе бидат видливи.
Т.С.: По сите овие прашања има ли нешто што не го спомнавме, а сметате дека би било добро да го спомнеме?
Акрура: Да, ви благодарам за ова прашање. Ова што ви го кажувам најверојатно сте го чуле од многу учители. Има учители кои јасно ја нагласуваат духовната страна на животот и духовната страна на бизнисот. Некои учители го прават тоа поприкриено, некои дури ја спомнуваат и религиозноста. Како, на пример, Ken Blanchard, авторот на “One Minute Manager”. Тој работи со еден свештеник на еден проект кој се вика Води како Исус. Тој отворено ја изразува својата верба во Бога и важноста на таа поврзаност.
Но повеќето учители се доста претпазливи во споменувањето на нешто кое според мене, всушност, е клучот за успехот. И зошто зборуваме за поврзаност ? Зборот јога значи поврзаност. Зборот религија значи одново да се поврзеш, religare, и ние не сме единствениот вршител. Можеме се да направиме како што треба, но не сме оној кој има конечна контрола врз резултатите од нашите напори и дејства.
Она што ние можеме да го направиме и од кое можеме да имаме корист преку слушање и следење различни учители е да ја зголемиме веројатноста на нашиот успех следајќи ги овие принципи на успехот. Духовните закони на успехот. Но сепак, дури ни ова не гарантира сто процентен успех. Мора да постои повисока конекција. И мора да постои врска со универзалниот, би го нарекол, менаџмент и универзална поврзаност и закони и мора да видиме што всушност животот и универзумот и Господ ни дозволува да добиеме како резултат. Така посебноста на Багавад Гитата како врвен водич кон успехот е во тоа што опишува пет фактори на дејстија и резултати. И еден од нив е Наддушата….. Ова е факторот за успех кој е запоставен и често учителите за успех не го ни споменуваат. И ни оставаат впечаток дека сме семоќни и дека со нашите сопствени напори и синхронизираност со законите за успех ќе бидеме успешни. Уште едно големо прашање кое можеме да го анализираме во друго интервју е: Кој ги создава законите и од каде доаѓаат сите овие закони?
Тања: Добро, уште едно прашање. Како оваа поврзаност помеѓу нас и Бог може да им се објасни на неуки луѓе, добро не би можеле да речеме неуки, туку луѓе кои се целосно врзани за материјата и не гледаат подалеку од тоа?
Акрура: Можеме да им помогнеме на луѓето да ја видат појасно духовната старна на животот и бидејќи секој е духовно битие, тие веќе имаат чувство за духовност во себе. Веќе насетуваат како духобвната страна на животот и ваквата поврзаност се манифестира животите на секого, во животите сите луѓе.
На пример, интуицијата. Луќето можат да настуваат, знаете, одвнатре некои работи. Понатаму постојат паранормални случувања. Нешта кои сосема им противречат на познатите закони, но се случуваат. Постојат таканаречени случајности, или постои синхронизираност. Има секакви феномени кои се надвор од вообичаеното, кои понекогаш им пркосат на познатите закони. И луѓето мжат да почнат да размислуваат. Понуваат да размислуваат дека постои некаква друга реалност. Постои нешто повисоко и, знаете, многу луќе денеска со толку многу книги за успех, среѓа и духовност се повеќе размислуваат за нешто повисоко. Дека мора да постои нешто друго. Размислуваат подлабоко или повисоко и мислам дека многу луѓе се спремни да научат повеѓе за сите овие духовни принципи и за сите овие димензии на животот.
Т.С.: Која може да биде нашата порака до луѓето кои ќе го слушаат ова и ќе сакаат да се поврзат бидејќи постои многу блиска врска помеѓу духовноста и бизнисот. Која може да биде нашата порака до луѓето кои го слушаат ова?
Акрура: Нашата кратка порака би можела да биде дека ако разбирате дека сте духовно битие тогаш бројот на можности ви се зголемува и вашиот потенцијал ќе биде подобро искористен. Ќе сфатите дека имате многу повеќе потенцијал од оној што го користите во моментот и дека можете да постигнете многу повеќе, може да бидете посреќни, може другите да ги направите посреќни ако сте отворени да научите за другите диманзии на животот и други извори на занење, сила и вештина.
Т.С.: Добро, сега треба да ти се заблагодрам за овие искрени одговори бидејќи се бавам со бизнис веќе десет години и секогаш сум чувствувала дека постои поврзаност. Ја чувствував, но не знаев како да ја објаснам, како да ги објаснам принципите. Затоа треба да ви се заблагодарам за овие многу јасни објаснувања за оваа силна врска која несомнено постои.
Акрура: Задоволство ми е.
Александар Акрура Тодоровиќ е светски бизнис консултант и консултант за животни прашања, предавач и одржувач на многу семинари ширум светот. Изведувач на духовна музика исто така.
- Ужива во помагањето на постигнувањето на успехот на клиентите, работејќи со нив да изнајдат решенија кои точно одговараат на нивните потреби и со кои тие се чуствуваат добро
- Роден во Србија, каде го научил англискиот јазик
- Во последните 10 год. работеше и живееше во Англија
- Од 2000 год. има одржано преку 2000 консултантски сесии со преку 600 клиенти и илјадници лекции и курсеви во 29 земји во светот
- Има објавено преку 1500 консултантски блога
- Има 3 Дипломи за консултантство од ЊуКасл Колеџот од Англија
- Имал можност да добие дополнителна обука и тренинг од Академијата за Консултантство на Френк Кави ( Седум навики на високо ефектните луѓе )
- Вегетаријанец и практикува бакти јога во изминатите 30 години
Текстот е комплетно превземен од авторот и со негова дозвола објавен на mkd-news ( во текстот не се правени никакви интервенции и е став на авторот)