СВР Тетово поднесе кривична пријава за А.И. (40) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела обид за убиство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.Пред два дена во угостителскиот објект „Бар код“, пријавениот почнал вербална расправија со обезбедувањето на објектот, по што бил исфрлен од објектот, а откако паднал на асфалтната површина, извадил пиштол што го поседувал без дозвола и испукал еден куршум во воздух, а при обид да биде спречен во намерата, испукал уште еден куршум со кој го погодил А.М.(35) од село Гајре во пределот на левата потколеница.