Даница е клучниот сведок: Заради оваа хостеса се случило убиството на Закинтос


Расправијата што му претходела на убиството на 22-годишниот Американец на Закинтос, Бакари Хендерсон, избила заради младата хостеса Даница, која работела во клубот каде што вечера биле осомничените и жртвата.

Според пишувањата на грчките медиуми што го следат овој случај, таа најверојатно ќе биде клучниот сведок за ова убиство. Даница во својата прва изјава за полицијата не открила многу и рекла дека не е сигурна кој сè учествувал во тепачката, јавува грчкиот портал „Дете“.

Сепак, во следниот нејзин исказ изјавила дека крвавиот напад се случил откако еден од Србите во клубот ѝ забележал што се слика со црнец. Потоа еден од нив го нападнал Бакари, а тој го удрил со шише в глава.

– Заминав со тројца Американци да ги внесам во клубот, а кога се вратив, Бакари лежеше онесвестен и целиот во крв. Еден човек над него се обидуваше да му помогне. Не забележав дали некој од персоналот на клубот учествуваше во тепачката – изјавила Даница за полицискиот извештај.

Таа додала дека не е сигурна дали ќе ги препознае напаѓачите доколку повторно ги види.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1