Ова не е сценарио за најново продолжение на “Индијана Џонс”, туку резултат на научно истражување
Берлин: Ова не е сценарио за најново продолжение на “Индијана Џонс”, туку резултат на научно истражување. Според пишувањата на весникот Meteoritics & Planetary Science научниците откриле дека будистичката скуптура “Железен човек” која била откриена од страна на нацистите во Тибет 1939 година, е од вонземско потекло.
Археолози од нацистичка Германија го пронашле “Железниот човек” во оддалечен регион на Тибет во 1939 година, непосредно пред почетокот на втората светска војна. Скуптурата претставува маж во оклоп, со свастика во насока на стрелките на часовникот на неговите гради. Научниците веруваат дека оваа скуптура го претставува будистичкиот бог Ваисраван и потекнува од Бон културата на 11 век, но тоа е само претпоставка, а вистинското потекло е мистерија.
Едно е сигурно-доаѓа од свемирот. Скуптурата е направена од парчиња метеорит, единствен пример на илустрација од човекова фигура направена од тој материјал. Анализата од материјалот покажувала дека се работи за железен метеорит, односно дека содржи железо, никел, кобалт, хром, галиум и германиум.
Од материјалот научниците успеале да го откријат и веројатнот извор на фрагмент, станува збор за метеорит Chinga чии што делови се распространети по граничното подрачје помеѓу источен Сибир и Монголија. Chinga претставува еден од 113те железни метеорити пронајдени на земјата.
Не е познато ниту зошто нацистите оваа скуптура ја однеле во Германија. Најверојатно поради специфичната и мистична природа на скуптурата како и свастиката на градите. Познат е фактот дека Хитлер заедно со неговите соработници бил опседнат со окулитизам и натприродности