Теориите на заговор си го одработија своето: Довербата кон медиумите на рекордно ниско ниво


Ова е нешто кое што треба сите да го знаеме, но можам да се кладам и дека никој од вас во ова нема да поверува. Резултатите од новото Галуп истражување, во анкетите, открива дека американската недоверба кон медиумите е на највисоко ниво досега.

Галуп ги објави резултатите од една од своите најнови истражувања во петокот, а низ своите истражувања на анкетираните групи, е утврдено дека се повеќе Американци имаат малку или воопшто немаат доверба во мејнстрим медиумите. Според анкетите 60 проценти од испитаните Американци, велат дека имаат „мало или немаат воопшто доверба во масовните медиуми, дека истите ќе ја пренесат веста целосно точно и чесно“.

Галуп анкетарите ги прашувале Американците за нивниот пик на масовните средства за јавно информирање, кои влечат корени уште од 1990 година, но одговорите кои ги добиле во овие две децении откриваат дека недовербата е на навистина рекордно високо ниво. Си-Ен-Ен како најголема медиумска компанија во САД има рекордно ниско ниво на доверба откако е создадена.
Во 1997 година кога Галуп прв започнал со анкетите, само 46 проценти од испитаниците рекле дека имале малку или целосно недоверба во мејнстрим медиумите, во споредба со 53 проценти на луѓе кои што ги преферираат. Денеска 40 проценти велат дека веруваат во нив во споредба со 44 проценти од пред една година.
Резултатите од Галуп истражувањето се приближуваат на статистиките од неодамна направените анкети кои се спроведени од страна на Јавната Политичка Анкета за Дејли Кос и СЕИУ. Кога ги запрашале еден месец претходно, дали Американците имаат „поволен или неповолен“ поглед кон политичките медиуми, 78 проценти од анкетираните се изјасниле дека биле заморени од политичките новинари.


Тоа не значи дека Американците имале негативен поглед на своите извори на вестите.
„Медиумските извори мора да направат повеќе за да ја заработат довербата на Американците, од кои повеќемината ги гледаат медимите како пристрасни на еден или друг начин. Во исто време постои прилика за други „надвор“ од масовните медиуми кои би можеле да послужат како извор за информација со кои Американците можат да ја поклонат својата доверба“, истражува Галуп.
Галуп своите најнови анкети ги спроведува во периодот меѓу 6 и 9 септември и обично испитуваат 1017 луѓе по случаен избор. Грешките на анкетите обично се движат плус – минус околу 4 проценти.
Револуцијата и манипулацијата на медиумите започна. На граѓаните се повеќе им е јасно што се крие зад мејнстрим медиумот, кои се повеќе се платени од трети страни, за да пренесат субјективни и неточни информации. Друштвената хипноза на медиумот, телевизијата, радиото и весниците, сепак не подлегна на повеќето од половината американци и овој процент како што минува времето значително расте. Тоа е загрижувачко за најголемите медиуми во светот, но исто така добра вест за слободата на говорот и алтернативните медиуми.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1