Стив Џобс– измамник и предавник?! Детален извештај на ФБИ за неговиот живот (Видео/Фото)


9 февруари 2012, ФБИ го објави досието на Стив Џобс, по барање на граѓанин кои се повикал на актот за слобода на информациите. Досието е 191 страница, голем документ, кој ви овозможуваме да го прочитате, симнете или испечатите. Легалното име на Џобс во досието е Стивен Пол Џобс.


Се чини дека причина за собирање на информации, проверката и истражувањето на карактерот, било поради тоа што Стив Џобс бил земен во предвид за состанок со претседателската администрација на Џорџ Х. Буш (Буш сениор). Договорот бил за претседателската извозна комора и повеќето информации и интервјуа се собирале во 1991 год. од странските блиски соработници на Стив Џобс.

Многу луѓе кои ги интервјуирале за дали да го препорачаат за претседателско именување, се потсетуваат дека тој имал интегритет и чесни работни договори. AP добил потврда од Министерството за економија, дека Стив Џобс всушност служел во министерството, каде бил препорачан во текот на служењето на првата администрација на Буш.

Додека многу извештаи и информации излегле на површина за време на следењето како таа дека Стив Џобс конзумира дрога, ова е потврдено во истражувањето на ФБИ. Интервјуата откриле дека конзумирањето на Стив Џобс на LSD и марихуана било за време на факултет и време кога тој се обидувал да се пронајде себеси. Г-дин Џобс никогаш не го порекнал користењето на LSD и марихуана додека бил млад.

TOP SECRET сигурносно одобрување (сигурносно одобрение – е одобрен статус на некои лица, овозможувајќи им пристап до доверливи информации) е извршено во извештајот на Стив Џобс. Top secret сигурносното одобрување за Г-дин Џобс почнало во 1988 год, и е откажано во 1990 год.

Стив Џобс работел во Pixar, и бил на листата на нивните вработени. Gawker.com исконтактирале извор, и изјавиле: „Изворот што работел за Стив Џобс напишал и-мајл во кој изјавил дека само неколку луѓе тогаш имале сигурносно одобрување во Pixar, во раните денови кога Pixar се занимавал со продажба на програми за рендерирање на слики, кои можеле да бидат искористени за подобрување на сателитскиот надзор на фотографии и филмови, кои се снимени преку сателит.“

Другата интересна работа за дискутирање во овие 191 страници на ФБИ од досието на Стив Џобс, се референците за заканата за бомба која Ејпл ја примил. Се чини дека на 7 февруари 1985 год. Ејпл примил закана да плати 1 милион долари, која е рачно напишана. Заканата со бомба е опишана од ФБИ како „Неидентификувани повици од машко лице према Apple computer Inc., кој рекол дека `справата` е наместена во куќа на индивидуалци, и дека мораат да платат милион долари.“

За оние кои сакаат да слушаат дека Стив Џобс бил средношколски гениј пред да биде исфрлен од средно училиште, може да ја побараат таа информација во извештајот. Неговиот просек (на англ. GPA – просечна оценка ) од средно училиште е разоткриен и во извештајот пишуват дека неговата просечна оценка била 2.65.

Исто така се вклучени три видео вести за извештајот на ФБИ за Стив Џобс, со екстра интервјуа и анализи. Новинската куќа Волстрит Џурнал го насловила интервјуто „Што имал ФБИ за Стив Џобс“. Си-Ен-Ен видео-материјалите се насловени „ФБИ за имамничката архива на Стив Џобс“. Во извештајот не се наведува дали Стив Џобс бил член на комитетот 300, некои од масонските организации, бидејќи и самиот ФБИ е компромитиран одвнатре со истите.

Фото: Екс ФБИ агент тврди – Apple и Стив Џобс се плагијатори!?

Steve Jobs FBI File

Share Button

Tags: , , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1