Испратил сочнен СМС по грешка на сите во именикот – го осудиле на 18 месеци затвор


Инструкторот по пливање, 24 годишниот Kreg Evans е осуден на затворска казна во времетраење од 18 месеци откако по грешка испратил еротска ,,сочна,, смс порака  на сите што ги имал во мобилниот.

Крег пораката ја наменил за својата девојка, но едно погрешно копче и пораката отишла на сите контакти во именикот.

Проблем е што помеѓу телефоните кои ги имал инструкторот имало и неколу на малолетни девојчиња кои ги тренирал пливање.

Во пораката тој ја прашува девојката дали сака да има секс со него ,,тело на тело,, дали сака брзо или споро. Пораките ги виделе родителите на девојчињата и го пријавиле Крег. Обвинет е за потикнување деца да имаат во сексуални односи со него. Го тужеле родителите на две девојчиња на возраст од 13 и 14 години. Првостепениот суд го осудил на 18 месеци, но Крег се жалел.

Судијата видел дека е во прашање само погрешно испратена порака и прво му ја скратил казната на 9 месеци. адвокатите на инструкторот тогаш ги повикале да сведочат сите кои ја добиле пораката, вклучувајќи ги и родителите на Крег, по што судот донел одлука дека се работи за ,,необична ситуација,, но фактот дека докажале дека пораката не е испратена само на девојчињата, туку на најмалку 200 луѓе биле пресудни судот да го отфрли случајот и Крег да биде ослободен.

,, понижен сум и минав низ пекол додека траеше судењето – за мене беше шок дека сум обвинет за потикнување секс кај деца, а јас работам со деца секојдневно,, изјавил Крег.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1