Фото/ Видео: Студентка ја продава невиноста за да изгради куќи за сиромашни – ќе се снима се


Бразилска студентка ја понудила на аукција својата невиност за да собере пари и да ги донира во хуманитарни цели. За градење на куќи за сиромашните во Бразил.

20 годишната Catarina Migliorini, изјавила дека ќе му ја даде невиноста на оној кој ќе понуди најмногу за сиромашните, а во моментов цената на аукцијата е достигната до 155.000 долари, парите ќе одат во невладина организација која ќе ги гради куќите.

Сето ова е во организација на филмаџии кои за целото ,,продадено губење на невиноста,, снимаат и документарен филм со наслов ,,Virgins Wanted,,

Катарина самата се пријавила на огласот на Thomas William Productions уште пред 2 години. Филмаџиите успеале да соберат неколку мажи и жени девици.

,,Ова е чист бизнис, имам можност со филмот да патувам, да глумам а ќе добијам и бонус со помагањето, вели Катарина, која ги отфрлила обвинувањата дека тоа што го прави ја прави проститутка, се уште верувам во љубов, но вака имам шанса да му помогнам на светот, изјавила младата студентка.

Филмот дури ќе ги снима и нивните реакции пред и по првиот сексуален контакт за пари, изјавил режисерот Justin Sisely. Освен Катерина на аукција во моментов е и невиноста и на младо момче по име Александар.

За својата невиност тие ќе добијат 20 000 долари хонорар, плус 90 насто од последната понудена цена на аукцијата која завршува на 15 октомври. Тие 90 насто – пари од аукцијата им се даваат со обврска да ги донираат во хуманитарни цели по свој избор. Изборот на Катарина бил градењето на куќи во најсиромашното маало во нејзиниот роден град.

На се мислевме – изјавиле од екипата која стои зад филмот. Катерина и Александар веќе биле на лекарски преглед, Катерина и пред односот ќе оди повторно на гинеколог за да се потврди невиноста, а пред сексот и купецот ќе мора да биде прегледан од лекар за да се избегнат сексуално преносливи болести.

,, Губењето на продадената невиност,, ќе се случува во авион кој ќе лета од Австралија до Америка. Ова не е случајно туку е за да се избегне можност за тужба од било која земја за проституција. За небото никој не е надлежен – изјавил правникот на филмаџиите.

Овој филм предизвика многу негативни коментари и повици да се сопре лудилото кое дава многу лош пример за младите. Погледнете го промотивното видео за аукцијата на невиноста, како и видео кое ја објаснува целата постапка.

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1