Џереми Пакстон од Германија си набавил џет – пек со кој секојденвно поминува 64 километри од својот дом до работа. Вели дека неговото ново „возило“ може да го однесе во висина и до девет метри.
Посебното направено „возило“ на млазен погон, Џереми го користи од Марпледурхам за да стигне до Костволдс место во Велика Британија.
Пакстон вели дека доколку сака да се вози брзо, тој мора да лета хоризонтално.
Го купил од Германија, а неколку луѓе од Велика Британија веќе го молеле да им биде тренер и да ги научи да го користат.
Својот џет-пек, Пакстон го платил 135,000 евра, говорејќи дека ништо во животот не е бесплатно, а објасни и како функционира машината. Двете големи пумпи прават притисок на вода, од кои се создава енергија со чија помош „возилото“ почнува да лета.