Од јануари ќе плаќаме поскапа вода


Одредувањето на цените на тарифата под лупа на регулаторите. Комисијата ќе го има последниот збор- колку пари, граѓаните од домашната кошничка ќе треба да одвојат за сметките за вода- пишува Република.

Претпријатијата се обврзани, да ги достават прогнозите за висината на цената до Регулаторна комисија.

Комисијата пак според поднесените извештаи, ќе го одредува опсегот на минимална и максимална цена која претпријатијата ќе можат да ја наплаќаат.

Според Правилникот на Регулаторна, целта на утврдувањето на цените е:

-Вкупната цена на водните услуги за домаќинство да биде достапна имајќи ги предвид просечните приходи по домаќинство во подрачјето во кое се обезбедува водната услуга; – одржливо користење на инфраструктурата за вршење на водните услуги; – подобрување на квалитетот на водните услуги со цел да се обезбеди непречено давање на услуги согласно со најдобрите достапни практики; – создавање услови со неопходните инвестиции во системите за водоснабдување да се обезбеди одржливо функционирање на истите; – да се обезбеди постепена, а како крајна цел целосна, примена на начелото на загадувачот плаќа, начелото на корисникот плаќа, начелото на еднаквост и начелото на покривање на трошоците; 2 – заштита и унапредување на животната средина; – да се подобри ефикасноста на водните услуги преку обезбедување на најдобри по квалитет водни услуги со најмалку трошоци; – стабилни и предвидливи услови за работење на давателите на водни услуги и – заштита на потрошувачите и корисниците од злоупотреба на доминантна позиција на давателите на водни услуги.

Ако се суди според извештаите кои претпријатијата ги доставиле до Регулаторна, цената од година во година – расте. Но, за утрвдување на тарифите- в предвид ќе се земаат факторите кои се впишани во Правилникот.

Утврдување на тарифи за водени услуги – Член 14 (1) Тарифата за водна услуга се утврдува врз основа на оценка на: – трошоците за обезбедување на водни услуги и услуги за поддршка; – висината на предложената тарифа за водна услуга и цената на водната услуга што ќе се постигне со предложената тарифа и нејзината финансиска достапност за домаќинствата од подрачјето на кое се дава водната услуга како и процентот на домаќинствата за кои ќе биде надминат прагот на финансиска достапност; – планирани капитални инвестиции за проширување на инфраструктурата и подобрување на водните услуги; – ефикасноста на водната услуга споредена со индикаторите на успешност и – постигнувањето на вредностите на целите за клучните индикатори за успешноста.

Според извештаите од претпријатијата – Цените за метар кубен вода за пиење, се движат од 11 до 55 денари. Најефтина е во Врапчиште (11,50), а најскапа во Кочани(55,49).

Press24

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1