Пукал во комшијата бидејќи “телепатски” му ја силувал сопругата


Мајкл Селенит (54) од Американската држава Јута, обвинет е за ранување на својот комшија Тони Пирс бидејќи “повеќе пати имал секс со неговата сопруга користејќи  кокаин со цел да и го контролира умот”

Овој човек на суд изјавил дека верува дека четриесет годишниот Тони Прис повеќе пати телепатски ја силувал неговата сопруга, но тоа не единственото нешто во кое што е уверен. Тој исто така верува дека рок гитаристот  Еди Ван Хален често го посетува неговиот ум и го советува.

Мајкл, кој е обвинет за обид за убиство и неовластено поседување на огнено оружје, тврди дека пукал во самоодбрана кон Тони кој во тој момент работел во својот двор.
Според неговите зборови, Тони Пирс телепатски му се обратил и го повикал на оргии на кои ќе се конзумирало и кокаин, со закана дека ако не се појави ќе го убие.

Несреќниот Мајкл, како тинејџер се здобил со повреди во главата во сообраќајна несреќа, а неговиот адвокат Џули Џорџ тврдел дека заради последици од повредите во главата, кај Мајкл уште во неговите 20ти години се појавиле халуцинации во кои некој му се заканува со насилство и ја силува неговата сопруга.
Адвокатот во одбраната смета дека Мајкл треба да биде однесен во државна болница бидејќи смета дека неговите паранои кои му пречат и во секојдневната комуникација не можат да бидат побизарни.

Ставот на лекарите е дека Мајкл навистина има тешки психички проблеми, и предвидуваат дека најверојатно неговата здравствена состојба ќе остане таква до крајот на неговиот живот.
Сопругата на Мајкл, жртва на замисленото силување, која веќе престојувала во болницата каде планираат да го сместат Мајкл е обвинета за соучество бидејќи е осомничена дека прво илегално го купила огненото оружје за својот сопруг, а потоа го наговорила да пука во комшијата.

Иренa Мрческа

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1