Утрово полицијата упадна во домот на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков и го приведе под сомнение за тероризам.
Неговата ќерка Зорица Чавкова вели дека рано утринава околу 5 часот полицијата упадна во нивниот дом и направила претрес кој содржел безброј нерегуларности по што го одведоа нејзиниот татко Митко Чавков на сослушување во кривичниот суд.
-Татко ми целиот свој живот го посвети, целиот свој живот и кариера ги има поминато во МВР каде што посветено и пожртвувано се грижеше за заклетвата која што ја има дадено дека ќе ги брани и чува законите и уставот на земјата, вели Зорица Чавкова.
Иако и укажале на полицијата дека Митко има проблеми со срцето и дека пред 3 месеци правел операција и е потребно редовно да зима лекови, полицијата не му дозволила на семејството да му ја даде потребната лекарска терапија и со тоа свесно дозволиле да се загрози неговиот живот.
-Покрај тоа што сите знаат дека има проблеми со срцето и дека пред 3 месеци правеше операција, не ни дозволија да му ја дадеме потребната лекарска терапија покрај тоа што знаат дека со тоа се загрозува неговиот живот, кажува Зорица.
Таа вели дека ниту терористите кои што моменталната власт ги ослободува од затворите не добиваат ваков третман и смета дека сето ова е големо лицимерие.
–Сакам да истакнам дека ниту оние кои што власта моментално ги ослободува од затворите не го добиваат овој третман и сметам дека ова е големо лицемерие да човеко кој целиот свој живот се борел против сузбивање на безброј терористички акции сега да го третитраат како терорист, изјави Зорица Чавкова.
Зорица кажува дека ова е големо лицемерие и дека повеќе не верува дека во оваа држава постои правда и не верува во правна држава.
Само едно знам дека таткоми целиот свој живот не учел не воспитувал дека треба да си ја сакаме и браниме државата и дека нема никаков грев освен тоа што си ја сакаше и чуваше државата, истакна Зорица Чавкова