Многу милионери и милијардери ширум светот донираат пари, но кога треба да се најдат спонзори, тогаш на сцена стапуваат луѓе од следниов прилог – од порнографски sвезди кои со допирање на нивните гради собираат пари, до бестрашни луѓе кои привлекуваат внимание правејќи необични дела како што се делење на стан со 300 отровни пајаци за време од три недели.
Допирање на гради
Јапонскиот порнографски канал Paradise TV бил домаќин на аукција во склоп на проектот “Еротиката ќе го спаси светот”. Целодневниот настан можел да се следи на интернет, а собраните средства оделе во организацијата ‘STOP!AIDS’ со цел да се разбуди свеста за можноста да се лечи или превентивно да се делува на оваа болест.
Аукцијата подразбирала дека секое лице постаро од 18 години може да ги допира градите на една од десетте јапонски порнографски sвезди,а за возврат да донира пари и да си ги измие рацете. Повеќекратното донирање подразбирало и повеќекратно донирање.
Танц во скут
Стриптиз клубот “Адмирал” во Чикаго организира месец на дарување еднаш во годината-тогаш секој кој ќе донесе играчка спакувана во украсна хартија добива безплатен танц во скут. На тој начин сите собрани играчки клубот ги подарува на сите месни добротвнорни организации.
Живот со 300 отровни пајаци
Австралијецот Nik Le Souef се согласил да биде заклучен во излог со 300 отровни пајаци во рок од три недели, се со цел да собере пари за добротворни организации кои згрижуваат напуштени деца. Le Souef до сега поминал по три недели со змии, морски кучиња и една врста на пајаци.
Непрестано повторување на една иста песна
Ученици од едно средно училиште имаат свој оригинален систем за собирање пари. Кога им требале пари за да изградат кафуле-уметнички центар тие на своите колеги им ја пуштале песната “Baby” од Џастин Бибер се додека овие не им платат за да престанат. Учениците кои се досетиле на ваков непријатен метод за собирање средства одбраната песна ја пуштале преку училишниот разглас за никој да не може да ја избегне. Иако за да соберат 1.000 долари имале цела недела, тие потребните пари ги собрале за само три дена.
Бричење
Актерот Ник Оферман во серијата “Паркови и рекреација” го глуми мажествениот Рон Свансон, но за добротворна аукција за борба против ракот тој одлучил да ги избричи своите бркови. Кога завршила аукцијата неговите бркови биле повторно залепени и поставени како изложбен примерок.
Носење исти фустани цела година
Шена Матеикен од Њујорк се заколнала дека ќе носи исти фустан 365 дена во годината за да собере средства за организацијата “Аканшка фондација” чија што цел е да ги образува сиромашните деца од Индија. По истекот од една година Шена собрала 100.000 долари добротворен прилог