Истражувачката Шарлот Харис Рис, зборува за картите на Азија кои датираат од пред 4000 години и кои го покажуваат брегот на Америка! Таа ваквите карти ги има добиено од нејзиниот татко, кои укажуваат дека древните Кинези знаеле за морските патишта кон новооткриената земја.
Кристофор Колумбо не е името на човекот кој што прв го открил Новиот свет. Различните преводи низ историјата во историските учебници, придонеле до тоа да неговото име, кое што всушност во оргинал треба да се изговара Кристовал Колон, биле причина за погрешното изговарање. Колумбо името го променил за време на неговото детство, а засега името од раѓање не е познато.
Кристофер Колумбо бил поврзан со семејството на португалскиот крал Иван Втори, преку неговата сопруга Филипа Мониз Перестрело.
Како што потврдуваат дел од исотриските учебници, Италијанецот со име Кристофор Колумбо (некаде се појавува и како Кристофор Колумбус), е претставен како легендарен истражувач. Тој бил сиромашен ткајач на волна, во Џенова, како што потврдено во дел од историските записи.
На него му недостигала благородна крв за да се ожени со девојка од висока класа, напишал еден историски истражувач Колон, одамна пред неговото легендарно патување. Но, исто така не постои убедлив доказ дека истражувачот знаел да говори италијански, или дека имал некаква поврзаност со таа земја.
Колумбо се верува дека бил член на таинствен воен клан, на Христовите темплари, кој имал седиште во Португалија. По стапките на неговиот татко и брат, Колумбо бил посветен да ја одбрани својата земја од муслиманите, кои ја окупирале пред многу векови.
Иако историјата потврдува дека Колумбо бил гневен по предавството на португалскиот крал Џон Втори, откако одбил да му ги финансира патувањата, тој сепак имал таен договор, со кој му било овозможено од страна на шпанските власти да ги поведе шпанските морепловци на запад и да ја одведе Шпанија понапред од португалскиот монопол за користење на водните патишта.
Кристофер Колумбо комуницирал со португалскиот крал за време на неговите патувања, а истовремено ги манипулирал шпанските кралеви и го поместувал нивниот фокус од португалскиот престижен источен пат до Индија, кој што се користел за тргување со злато и разни видови на богатства. Помошта за манипулација на шпанските и помагање на португалските кралеви, Колумбо ја добивал од специјално направените сончеви карти нарачани од португалските кралеви, со чија помош Колумбо навигирал.
Новите објаснувања на историчарите потврдуваат дека Колумбо всушност бил португалски двоен агент кој работел за кралот Иван Втори, кој имал за цел да го одвои Шпанскиот од Португалскиот монопол при трговијата со злато кое било донесувано од Африка и Индија.
Тајната Карта на древниот свет: Нашата Земја пред 4000 години?
Истражувачката Шарлот Харис Рис, зборува за картите на Азија кои датираат од пред 4000 години и кои го покажуваат брегот на Америка! Таа ваквите карти ги има добиено од нејзиниот татко, кој пак ги имал собирано и кои укажуваат дека древните Кинези знаеле за морските патишта кон новооткриената земја и тоа долг период пред Колумбо да ја открие.
Како дополнителен доказ, таа наведува генетски маркери кои се делеле само меѓу азијантите и индијците.
Шарлот Харис Рис, автор на тајните мапи на античкиот свет, тргнала по возбудливо патување откако открила дека нејзиниот покоен татко, доктор Хендон Харис Џуниор (автор на книгата Азиските Татковци на Америка) бил во право. Кинезите биле во Америка илјадници години пред Колумбо. Во книгата Шарлот изнесува непобитен доказ (вклучувајќи ги и ДНК тестовите) кои целосно го оправдуваат заклучокот на нејзиниот татко.
Неколку години по неговата смрт во 1981 година, збирката на мапите на доктор Харис се наоѓале заборавени под креветот на нејзиниот брат. Со цел да ја провери нивната веродостојност, таа со нејзиниот брат ги собрале картите и ги однеле во Конгресната библиотека каде што во 2003 година ги простудирале. Во овој возбудлив сегмент, Шарлот укажува како еден примерок од ДНК, може да открие цела една историја и негова миграција на еден народ.