СКВЕРНАВЕЊЕ НА ГРОБИШТА: Кршел крстови на роднините на љубовницата оти го оставила


Милорад Б. (48) признал дека ги осквернавил гробовите за кои знаел дека припаѓаат на роднини на девојката што ја прекинала нивната четири-годишна љубовна врска.

Против Милорад Б. (48) е поднесена кривична пријава заради сомневање дека скршил неколку крстови на месните гробишта во Стамници и Манастирци.

Осомничениот е откриен по пријава од Л.И., мештанка на Стамници , која пријавила во полицијата дека во текот на септември месец, се искршени и оштетени бетонски и дрвени крстови на повеќе гробни места од нејзините роднини, на гробиштата во Стамници и Манастирци.

Наредниот ден, полицијата го идентификувала и привела осомничениот, кој признал дека ги искршил крстовите на сите гробови за кои знаел дека им припаѓаат на роднините на Л.И., за да и се одмазди, бидејќи ја прекинала нивната четири-годишна љубовна врска.
По сослушувањето, против Милорад Б. Полицијата поднела пријава до истражниот судија заради сомнение дека е извршил кривично дело повреда на гробишта.

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1