ГРОЗОМОРНО УБИСТВО ВО ХОСТЕЛ: Ги построиле студентите и ги убивале еден по еден


Непознати напаѓачи ја прашале секоја жртва да се претстави, по што следел масакр. Сомневањето најпрвин падна врз главите на исламистите од Боко Харам.

Група вооружени напаѓачи упаднале во хостел близу до студентски кампус Муби, на североисток од Нигерија, и испоубиле најмалку 20 студенти, јавува Би Би Си.

Професор сведочи дека прво ги построиле, и ги прашале за имињата, а потоа еден по друг ги испоубиле. Сомневањето веднаш падна врз групите од Боко Харам, милитантна група која во Нигерија сака да го воведе исламскиот закон, за масакрот се уште никој не презел одговорност.

Меѓу жртвите има и христијани и муслимани.
Оваа група само оваа година убила повеќе од илјадници луѓе, со напади врз  разни делови низ Нигерија.
Кои се Боко Харам погледнете од видеото.

Share Button

Tags: , , , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1