Судар на бродови – 37 загинати (Видео)


Најмалку 37 лица загинаа кога траект со повеќе од 120 патници се судрил со друг траект и потонал во близина на острвот Лама, кај Хонгконг. Уапсени се 7 членови на екипажот од двата брода.

Траектот, сопственост на Електро компанијата од Хонгконг, превезувал 120 работници и членови на нивните семејства да го гледаат огнометот  по повод  кинескиот Национален ден, кога се судрил со друг траект и веднаш почнал да тоне, пренесува Ројтерс.

” За само 10 минути бродот потоa. Моравме 20 минути да ги чекаме спасувачките служби”, изјавил еден од преживеаните патници.

Повеќе од 100 луѓе се спасени и пренесени во болница, девет се со тешки повреди и во критична состојба.

Вториот траект, е на градот Хонгконг и Ковлон Фери Холдингс, има претрпено големи оштетувања но безбедно стасал до острвот Лама, кое е на околу половина час со брод одалечено од Хонгконг.

Уапсени се 7 лица, под истрага се за доведување во опасност на човечки живот на море.

Шефот на полицијата Цанг Ваи-хунг изјавил дека не е исклучено да има и нови уапсени.

“Членовите на екипажот беа бескорисни. Само стоеа додека ние сами си ги стававме појасите за спасување… Изгледаше како да не знаат што се случува”, изјавила 43 годишна Британка, која живее на острвот Лама 10 години.

Ова е најголема трагедија од 1996. година, кога 40 луѓе загинаа во пожар во трговски центар во Хонгконг.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1