Скандал: BBC со години криел дека најпознатиот водител силувал деца


Сер Џејми Севил беше најпопуларниот водител на BBC уште од 1964 година ја водеше музичката емисија Top Of The Pops и Jimmy’ll fix it. Беше идол на милиони тинејџери – но криел мрачна тајна која да ја сокрие му помогнале и од BBC.

Тој за својата популарност дури и од кралицата добил титула СЕР, но откако почина минатата година на 84 години мрачните тајни излегоа, а жртвите отворено проговорија за силувањето. Силувал девојчиња од 12 годишна возраст.

За овој скандал се сними и документарен филм Експоузер: Другата страна на Џими Савил, кој беше објавен минатиот месец

Не бирал место и време. Некои од жртвите биле силувани во училишта, во неговата гардероба во Би-Би-Си, каде дури управата поставила и телохранители пред вратата во обид да ги спречат тинејџерките да влегуваат барајќи автограм, бидејќи знаеле за настраната опсесија на водителот.

,, Имав 16 години кога ме силуваше. Останав и бремена па мајками ме однесе на илегален абортус,, открива една од жртвите.

Една од жртвите која сега има 65 години вели дека ја повикал во неговиот хотел за да го запознае Елвис, но кога влегла во собата тој ја силувал и велел дека е ангел и дека и прави услуга со тоа што ја посакува,,

Катерина Росе сега 51 година вели деја водителот дури им бил и семеен пријател. Нејзе ја нападнал кога имала 14 години. Гостувала во неговата емисија и бидејќи бил семеен пријател не се плашела.

Бебе Робертс (62) била силувана во интернатот за девојчиња на 15 години, вели водителот често доаѓал ноќе и спиел со млади девојчиња.

За случајот се јави и поранешниот возач на Би-Би-Си, тој тврди дека шефовите многу добро знаеле дека тој силува деца и дека секој кој ќе се обидел да зборува за тоа веднаш добивал отказ, затоа и тој молчел со децении а во би би си бил 16 години.

Во 2007 Британската полиција го привела за сослушување токму за обвинувања за педофилија во денес затвореното училиште за девојчиња Данкрофт. Но заклучиле дека нема доволно докази и случајот никогаш не бил на суд.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1