Сопственичката на познатата козметичка линија ,,Божен козметик,, починала по долга и тешка болест, во својот дом во Белград.
Божен Жумбор како што пренесува свет.рс по повеќе од една година борба со болеста денеска починала.
Телеграф пренесува дека информацијата ја потврдила и нејзината кума, познатата водителка во Гранд продукција, Драгана Катиќ која на својот твитер профил напишала.
,, Денеска ја изгубив својата мила Божен. Мила моја беше голема среќа да те познавам. Ти благодарам за се. Биди конечно со ангелите,,
Инаку Божен во март месец беше и итно хоспитализирана на белградската ВМА поради влошено здравје.
Стана позната со револуционерните козметички производи кои се употребуваа ширум балканот. Незаменлив е нејзиниот изум ,,ракавица за отстранување на шминка,,.
Bozen Žumbor е позната по својотте необичен и извонреден начин на живот и работа. Родена е во Копривница во Хрватска. Живееше таму со својата баба Кетрин до 12 година, а потоа заминала кај родителите кои живееле во Холандија, во Ротердам. Дипломирала на колеџ за убавина, добила работа и почнала да работи во својата професија. – Бев особено заинтересирана за третман на лицето и телото со производи врз основа на лековити билки. Затоа, почнав да учам и истражувам за билките, велеше Божен за почетоците на својата работа. Во Србија за прв пат била во 1982. кога поради отворен прозор во автомобил додека била на летување добила фацијалис. Била згрижена на ВМА и имала 2 операции. Кога се вратила во Холандија користела алги и билки за да си го закрепне здравјето по препорака на лекарите – така почнува да ги истражува алгите и бара начин како да ги примени и во козметиката.