На сред интерпелација собранието во мрак


Во моментот додека пратеничката на СДСМ Цветанка Иванова говореше на собраниската седица – мрак во собранието.

Снема струја, а Иванова продолжи да говори во полуосветлено собрание иако Претседателот Трајко Вељановски и рече на пратеничката дека штом се нормализира ситуацијата таа ќе се врати на говорницата.

Тој инофмираше дека станува збор за краток пад на напонот, по што светлата се нормализираа. Струја немаше само неколку секунди.

Собранието на Република Македонија на денешната 43. седница расправа и треба да гласа за доверба на Владата, по барање на опозициската СДСМ.

Пратеникот Јани Макрадули во своето излагање обвини дека „Владата со својата политика си игра со меѓуетничките односи со цел да се покријат економските проблеми што ги мачат граѓаните“. Посочи на симнатите табли од училиштата во Чаир, случајот во Слупчане и изградбата на музеј-црква на Кале. Макрадули обвини и за криминална распределба за државно градежно земјиште.

Министерот за траснпорт и врски Миле Јанакиески во реплика потсети дека до 2007 година воопшто не се споменувало, ниту се практикувало електронско јавно наддавање на државно градежно земјиште, туку дека договорите се склучувале во четири очи, пренесува МИА

За економските проблеми, реплицираше и вицепремиерот Владимир Пешевски, кој со бројки посочи дека од 2006 до 2012 година има тенденција на зголемување на нето платите.

– Оваа Влада првпат донесе Закон за минимална плата од 8.050 денари ,  за сиромашно ранливите групи донесен е Законот за енергетска сиромаштија, со кој се дава парична помош за енергенси. Граѓаните имаа можност да го откупат за едно евро по метар квадратен. Субвенциите во земјоделството од шест се зголемени на 130 милиони евра. Стапките на невработеност во јули годинава изнесува 31,2 проценти, а во 2005 година изнесувала 38,7 отсто, што, како што нагласи, е една од историски најниските стапки на невработеност., вели Пешевски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски рече дека реална ситација е дека Република Македонија никогаш во изминатите 20 години не била поподготвена за почеток на преговори со ЕУ за пристапување. Вториот аргумент е дека никогаш во последните 20 години земјата немала поопипливо учество за НАТО Алијансата и нашата контрибуција во тој правец.

Во контрареплика пратеникот на СДСМ Макрадули повтори дека во државата постојат меѓуетнички несогласувања, посочувајќи на денешната тепачка во автобус во Скопје во која се повредени две лица.

Пратеникот Александар Николовски од ВМРО – ДПМНЕ појасни дека инцидентот е веќе разрешен од страна на полицијата и оти биле приведени пет лица. Тој обвини дека се работи за смислено сценарио на СДСМ и оти тие долеваат „масло во оганот“, нагласувајќи дека тоа може да предизвика и други инциденти.

Павле Трајанов од Демократски сојуз рече дека во државата не постојат меѓуетнички несогласувања и оти СДСМ прави обид да ги поттикнува меѓунационалните и меѓуетичките состојби, додавајќи оти разлики во одредени ставови постојат и во коалицијата на СДСМ, пренесув МИА.

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1