Оливер Драгојевиќ почина во 71. година од животот, а целиот регион тагува за големиот уметник и музичар.
Џибони од Оливер се прости со потресни зборови:
„Ми умре мојот најголем пријател, ми беше и повеќе од тоа, мое семејство. Мислам дека беше најсаканиот човек на овие простори.
Како личност беше најскромен и најнормален човек кого го познавав.
Оливер беше неповторлив и незаменлив. Не знам што ќе биде и како ќе биде овие денови во времето кое е пред нас.
Едно е сигурно ќе живее и натамѕ со нас во своите песни. Никогаш не мислев дека ќе дојде денот кога него ќе го нема меѓу нас, мене ова ми е неприфатливо толкава беше неговата величина.
Дури и секојдневните лоши вести и дијагнози се чинеа нестварни и се веруваше дека ќе оздрави зошто на Оливер и неможното му беше возможно! Едноставно толку позитивен беше. Не можам ни да замислам колку ќе ми недостасува.
Почивај во мир пријателу мој, светлост вечна нека ти свети! Твојот Гибо“