Во текот на вчерашниот ден во 12,15 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека истиот ден од страна на непознато лице бил испукан проектил од огнено оружје, при што зрното од проектилот ја пробило настрешницата од гаражата која се користела за паркирање на возила од Итна медицинска помош во кругот на Медицинскиот центар Гостивар и завршило на подот помеѓу две возила.