Што, каде и кога – ќе се случува на ,,Бела ноќ,,
Најдолгата културна ноќ во главниот град и оваа година ќе има богата програма. Организатор е Младинскиот културен центар, а Град Скопје за неа одвои 3,5 милиони денари.
„Бела ноќ“ на скопјани ќе им понуди разновидни содржини на плоштадот „Македонија“, во Музејот на Град Скопје, Дом на АРМ (Галерија ДЛУМ), Старата скопска чаршија, Младинскиот културен центар, Културно-информативниот центар, Кината „Милениум“ и „Фросина“, Градски парк, Универзална сала, Библиотеката „Браќа Миладиновци“, Зоолошка градина, Галеерија КО-РА, Школка (Градски парк), Градскиот трговски центар, Стоковната куќа Мост, Градската плажа Камен мост и Спомен-куќата на Мајка Тереза.
Изложби
Со отворање на изложбата на дела, лични предмети и приказни „’60-ти:Светот, Скопје и скопјани“ на авторите Јован и Ана Ивановски вечер во Музејот на Град Скопје свечено ќе почне осмата манифестација „Бела ноќ“. Оваа изложба е прва од проектот „Скопје: врвна колекција на лични сеќавања 1960-2010 вол. 1“ на кураторите Филип Јовановски, Ивана Васева и Јованка Попова, кој е составен од пет дела.
Во рамки на овој проект, публиката ќе има можност да посети уште четири изложби. Изложбата „’70-ти: СУБ – КУЛ – ТУРИСТИ“ на кокураторите Милош Коџоман и Симон Узуновски ќе биде отворена во Домот на АРМ – ДЛУМ, „’80-ти: Мерхаба. Насилсин? (Здраво. Како си?)“ на кокураторите Игор Тошевски и Синиша Цветковски во Старата скопска чаршија, во „Галерија 7“ и „Галерија 8“. „’90-ти: македонска ликовна уметност 1990-2000: еуфорија“ на кокураторите Жанета Вангели и Славица Јанешлиева ќе може да се погледне во Младинскиот културен центар, а во Културно-информативниот центар ќе биде отворена изложбата „2000-ти: за независните – според вистински приказни“ на авторите Христина Иваноска и Јане Чаловски.
Пантомима и перформанс
Македонски уметници на плоштадот „Македонија“ во 21 часот ќе се претстават со „Местото каде сум“, мултимедијален перформанс – пантомима и театар на сенки. Сценариото и реализацијата се на македонски уметници, актери, кореографи, режисери, танчери, дизајнери, акробати, музичари…
Филм и музика
Кино под отворено ќе има во Градскиот парк, каде на огромно кино платно ќе бидат прикажани најдобрите филмови од Меѓународниот фестивал на европски филм ЦИНЕДАЅС 2011. Бесплатни 24-часовни филмски маратони ќе има во кината „Милениум“ и „Фросина“. Во „Милениум“ ќе се прикажуваат филмовите од редовниот репертоар на ова кино, како и домашниот „Трето полувреме“. Во „Фросина“ ќе има ревија на европски филмови и филмови од Фестивалот на новиот германски филм.
Ќе има и цртање графити, мултимедијални, улични и танц перформанси, изложби, диџеј-настапи, музички фестивал на транс музика, инсталации, музичко-поетски хепенинг, модна ревија, промоција на оригиналната јапонска боречка вештина аикидо…
Во рамки на „Бела ноќ“, денеска влезот во Зоолошката градина од 11 часот е бесплатен. Обезбеден е бесплатен превоз до Зоолошката градина со автобусите со број 8 и 15а на ЈСП „Скопје“ по 11 часот.
Плоштад Македонија / 21:00
“МЕСТОТО КАДЕ СУМ” – урбана визуелна приказна за СКОПЈЕ
Мултимедијален перформанс – пантомома и театар на сенки на група македонски уметници, за прв пат воопшто во историјата на Белата ноќ, по сценарио и реализација на македонски уметници, актери, кореографи, режисери, танчери, дизајнери, акробати, музичари…. after со DJ влАДО.
1960ти: ‘60-ТИ; СВЕТОТ, СКОПЈЕ И СКОПЈАНИ
Музеј на град Скопје, 20:00 часот
Автори: Јован Ивановски и Ана Ивановска. Изложбата “ШЕЕСЕТТИТЕ: СВЕТОТ, СКОПЈЕ И СКОПЈАНИ“ претставува осврт врз периодот на шеесеттите години на дваесеттиот век.
Музичка програма: ДЈ Мице, Музеј на град Скопје, 20.00
1970ти: СУБ – КУЛ – ТУРИСТИ
Дом на АРМ, 20. 00 часот
Ко-куратори: Милош Коџоман и Симон Узуновски
1980ти: СКОПЈЕ 1980 – ТИ: MERHABA. NASILSIN? (превод (тур.): Здраво. Како си?).
* вообичаен поздрав во секоја чајџилница кој со време станал дел од ’уметничкиот’ речник.
Стара скопска чаршија, 20:00 часот
1990ти: МАКЕДОНСКА ЛИКОВНА УМЕТНОСТ 1990-2000: ЕУФОРИЈА
Младински културен центар, 20:00 часот
Музичка програма: Tiiiit! Inc. Голем концерт „Скопје у 90-ти“, плато пред Младински културен центар, 22:00
2000ти: ЗА НЕЗАВИСНИТЕ – СПОРЕД ВИСТИНСКИ ПРИКАЗНИ
Културно-Информативен Центар – Скопје, 20:00 часот
“Танцот на Светлината” Во Универзална Сала
Почетокот на претставата е во 20 часот. Влезот е бесплатен
ЈСП & ЗООЛОШКА ГРАДИНА
Бесплатен превоз и влез во ЗОО градината после 11:00
Повторно стрип на Бела Ноќ
Галерија Ко-Ра (Дом на Градежници) / 20:00
24 часовен филмски маратон
Кино Милениум / 12:00
Оваа година на репертоарот на филмскиот маратон филмови од редовната програма на Кино Милениум, вклучувајќи го и најновиот македонски филм “Трето полувреме”.
Влез бесплатен.
11:00 – Германски филм – фестивал 3D (детска програма)
13:00 – Мадагаскар 3: Најбараните во Европа”3D
15:00 – Пина 3D
17:00 – ПЛАТЕНИЦИ
20:00 – ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ**
22:00 – ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ**
24:00 – БЕТМЕН: Издигнувањето на темниот витез
03:00 – Притаено зло: Одмазда“ 3D
05:00 – СПАЈДЕРМЕН 3D
07:30 – ВОНЗЕМЈАНИ ОД СОСЕДСТВОТО
09:30 – ЖЕЛЕЗНАТА ДАМА
CINE CITY
Кино на отворено / Градски Парк / 19:00
Како и минатата година така и оваа повторно филмски маратон на отворено.
Селекција на најдобрите филмови од Филмскиот фестивал СИНЕДЕЈС 2011.
24 часовен филмски маратон
Кино Фросина / 12:00
Филмскиот маратон во Кино Фросина годинава содржи ревија на европски филмови, вклучувајќи и филмови од програмата на
“Фестивалот на нов германски филм”
Радио МОФ @ Бела Ноќ 2012
Школка (Градски Парк) / 21:00
Радио МОФ оваа година ги пречекува двете најталентирани имиња на македонската електронска сцена на локацијата
Школка во Градскиот Парк, Керкез со настап во живо и Флудер со неговиот беспрекорен диџеј сет. Како подршка пред
нив ќе настапат Бизар (Жарко Настоски) и Кинџо. Ветуваме квалитетна музика, импресивен звучен систем и одлична забава.
21:00 – 23:00 B!zarre – Zarko Nastoski [Radio MOF]
23:00 – 00:00 Kinjo [Beatnex]
00:00 – 01:00 Kerkez LIVE aka Goran Kan [Kerkez Musik]
01:00 – 03:00 Flooder [Pollux]
RESER (Торно, Италија)
Плоштад Македонија / 19:00
Од збратимениот град Торино, ни доаѓа еден од најактуелните графити цртачи Reser.
Не пропуштајте да ги видите мајсториите на овој млад уличен уметник.
OCCHI (ОЧИ)
Спомен куќа на Мајка Тереза / 20:00Од Торино ни доаѓа ушт еден брилијантен уметник.
Станува збор за танц изведувачот Andrea Gallo Rosso кој ќе се претстави со својот танц перформанс
Occhi (Очи), со кој настапува ширум Европа.
ОСНОВНИ БОИ
ХРОМАТСКО ПАТУВАЊЕ НИЗ УЛИЦАТА ШАРПЛАНИНСКА
СТАРА СКОПСКА ЧАРШИЈА / 22:00
Само за Бела Ноќ 2012, улицата ќе биде затворена по целата должина и ќе биде претворена во галерија на отворено + клуб.
Фотографии на Бојан Кртолица
Дизајн на простор: Ива Галевска и BAIKA
DJ сетови на Дарко Јорданов и Ивана Драгшиќ
СКОПЈЕ ТАНЦУВА
СТОКОВНА КУЌА МОСТ / 21:00
На платото пред Стоковна Куќа МОСТ ќе можете да проследите
аргентинско танго (Фамилија Тангови), како и изложба на амбиентални ламби
изработени од Елена Ѓорѓиевска
КОЦКОЦИКЛ
ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА / 12:00Презентација на експонат (Коцкоцикл) на “Центарот за промоција на науката” од Белград.
Што е Коцкоцикл? Тоа е всушност велосипед со квадрати/коцки наместо тркала. Изложен и спремен
за возење ги разубедува сите неверници дека оваков тип на велосипед може да се движи,
доколку се изгради соодветен пат.
ПОВЕЛИ КНИГА – ПОДАРИ КНИГА
ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ / 19:30
Mузичко – поетски хепенинг / ретро музика од осумдесетите и деведесетите години. Настап на Филип Стефановски Квартет.
Учество на група поети родени меѓу 1980 и 1990.
Акција “подари книга – повели книга” неформална берза на размена на книги.
ИДЕНТИТЕТ (УЛИЧЕН ПЕРФОРМАНС)
ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА / 22:00
GALACTIC SKOPJE
ГРАДСКА ПЛАЖА – КАМЕН МОСТ / 22:00
Пат на воинот, Пат на мирот
ГТЦ (кај Спицикато) / 20:00
Целта е збогатување на културната манифестација БЕЛА НОЌ, преку промоција на оригиналната јапонска борбена вештина АИКИДО.
МОДНА РЕВИЈА
ГТЦ (СКАЛИТЕ СПРЕМА ПЛОШТАДОТ) / 24:00
Традиционално на Бела Ноќ, на полноќ, на скалите на главниот влез во ГТЦ се одржува модна ревија во организација
на модното студио Црнокрак.
ИЗЛОЖБА НА РАКОТВОРБИ
УНИВЕРЗАЛНА САЛА / 19:00
20 + 1 (ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ)
КИЦ / 20:00 Во рамките на Бела Ноќ 2012 во Културно Информативниот Центар ќе се одржи и изложба на фотографии на Рилинд Хоџа
Изложба на цртежи и графики на Јован Петрушевски
ОТВОРЕНО ГРАФИЧКО СТУДИО / 20:00
ГОЛЕМОТО ПЛАТНО
ГАЛЕРИЈА КО-РА (ДОМ НА ГРАДЕЖНИЦИ) / 20:00
СКОПЈЕ У 90ТИ
МКЦ / 20:00 Девојките од ТИИИТ повторно во акција. После инзворедниот настан минатата Бела Ноќ и одлучниот трибјут за Дејвид Боуви, годинава во контекст на програмата, во МКЦ се обработуваат деведесетите години од минатиот век.