Значителна промена на времето ќе следи од утре попладне, преку ноќта и во понеделеник кога во поголемиот дел од државава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен ветер. Локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во вторник се уште на места ќе има врнежи од дожд и ќе продлжи да дува засилен северен ветер. Во понеделник и вторник дневната температура ќе се намали за околу десет степени, особено во северните деови.
Во текот на денов ќе биде сончево со умерена локална облачност, со нестабилност во западните делови со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умереб југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 36 степени. Во Скопје максимална температура до 33 степени.