Актерот Петрушевски загинал од струен удар во својата викендичка во Орешани


Актерот Ванчо Петрушевски почина денеска на 67 години, објавија на своите фејсбук страници неговите колеги од Драмскиот театар.

Петрушевски, според неофицијални информации, загинал од струен удар во неговата викендичка во Орешани, близу Драчево, каде живеел во летните месеци.

Увид на местото на несреќата прави екипа на МВР и дежурен јавен обвинител.

Комеморацијата во чест на актерот Ванчо Петрушевски ќе се одржи во Драмски театар во понеделник во 10 часот.

Истиот ден, 27 август, од 12 до 13 часот неговите посмртни останки ќе бидат изложени во капелата на гробиштата во Бутел, а потоа ќе се одржи погребот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1