Заборавете на пумпањето, “Goodyear” измисли гуми што се пумпаат сами (Видео)


Поголемиот дел од возачите знаат дека чувањето на нивните гуми и правилно пумпање го штеди горивото и го смалува испуштањето на СО2. Но колку често луѓето го преверуваат притисокот?

Сега “Goodyear” измисли нови гуми кои сами се пумпаат кога е потребно.

Сензорот од страната кој што е поставен на овие гуми, внимава на притисокот и оној момент кога ќе падне, се отвораат вентилите. Додека автомобилот се движи се врти и гумата и истата се деформира пополека, на начин на кој што воздухот минува низ малите отвори директно во гумата. Оној момент кога гумата ќе се врати во посакуваната состојба, вентилите се затвораат.

Оваа компанија планира да го продаде својот производ најмногу на комерцијалните камиони, на кои и ќе се тестираат во наредната година. Според нив, гумите се најголем трошок на камионите и поради нив фирмите бележат загуби најмалку од 50%.
Нормално напумпаните гуми можат да траат подолго и гледајќи ја километражата која што ја минуваат годишно, можат да им заштедат и доста пари за гориво. И за оние сопственици кои имаат автомобили ова е одлична вест, затоа што се прави и верзија за автомобили.

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1