ИНЖЕНЕРСКО ЧУДО: Лондон ќе добие пловечки аеродром, авионите ќе слетаат на Темза (ФОТО)


Аеродромот ќе биде составен од четири пловечки писти, приврзани за дното и подводни железнички тунели, со кои би се поврзале патниците од централен Лондон до некои делови на Европа.

Престолнината на Велика Британија наскоро ќе добие нов, пловечки аеродром „Лондон Британија“, во устието на Темза со терминалите поврзани со подводни тунели. За оваа несекојдневна градба даде предлог британската архитектонска фирма  „ Gensler “.
Аеродромот ќе биде составен од четири пловечки писти, прицврстени за морското дно и подводни железнички тунели, со кои би се поврзале патниците од централен Лондон, до одредени делови на Европа.

Патниците што доаѓаат со автомобил ќе патуваат преку три копнени терминали, бидејќи двата се наоѓаат на локација – северно и јужно од устието, а предлогот за трет терминал би бил помеѓу бизнис населбата во источниот дел на Лондон, Канари Варфа и Олимпискиот парк.

Предлогот вклучува и планови за трансформација на Хитро аеродром во еден еко-град, обезбедувајќи домови за 300.000 луѓе.
За разлика од претходните идеи за нов лондонски аеродром, вклучувајќи го минатогодишниот предлог на компанијата „ Foster – Partners “, плановите на фирмата „Gensler“ не вклучуваат влевање на реката во земјата поради мелиорација.

– Наместо тоа, ние ќе покренеме идеја од џиновска платформа – рекол шефот за глобално производство на планирање на фирмата „ Ian Mulkahej “.

Предлогот е упатен према британската влада, која размислува на кој начин би можела да го зголеми капацитетот на аеродромот во југоисточна Англија.

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1