Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски вечерва од штабот на партијата изјави дека граѓаните кои гласале „против“ на референдумот и оние кои не излегле на гласање ја испратиле најгласната порака дека „Ова е Македонија“.
На прес-конференцијата, Мицковски оцени дека Македонија се изјаснила против Договорот со Грција.
– Овде живеат Македонци, нашиот идентитет е македонски, нашиот јазик е македонски, нашите предци биле Македонци“, рече Мицкоски, додавајќи дека референдумот е пораз не само на Договорот, туку и на, како што кажа, криминалното владеење на власта.
Запрашан дали ќе прифати предвремени парламентарни избори Мицковски кажа дека Заев не треба да бара предвремни парламентарни избори туку подобро му е да се подготвува за политичка пензија