Скопје утре ќе пулсира 24 часа. Во рамките на културната манифестација “Бела ноќ”, која ќе биде одржана по 14-ти пат, локалите, музеите, кино салите и театрите низ градот ќе работат до раните утрински часови, а на повеќе локации ќе бидат одржани изложби, концерти, уметнички инсталации, детски работилници и поетски читања.
Скопскиот градоначалник остакна дека Белата ноќ е синоним за масовна посетеност и исполнетост со активна публика, затоа што програмата што ја нуди доминира со квалитет и несекојдневни содржини.
За прв пат во Македонија ќе биде одржан и Фестивалот “Skopje Light Art District”, на кој ќе настапат 16 артисти од земјава и од странство, со најразлични светлосни инсталации, главно поставени низ Старата скопска чаршија.
Јавното Сообраќајно Претпријатие соопшти дека од почетокот на манифестацијата „Бела ноќ” во 19 часот, користењето на јавниот превоз ќе биде бесплатно на сите линии кои сообраќаат кон центарот на градот, се до раните утрински часови.