Левица повикува на граѓански отпор и најавува протести пред Собранието


Политичката партија Левица најави дека ќе организира протести во секоја наредна фаза од гласањето на уставните промени. Протестите ќе бидат антивладини и под мотото „Народна Самоодбрана“, заради враќање на, како што велат, киднапираниот суверенитет на народот.

-Секојдневни радикални политички акции, во координација со сите засегнати политички чинители кои се против промена на уставното име, ќе бидат систематски преземани низ територијата на целата Република. Ги повикуваме сите прогресивни сили да ни се приклучат кон движењето, сè до конечната победа. Кога неправдата станува закон, Отпорот е наша должност!“, повикуваат од Левица.
Од партијата поставуваат и три барања: безусловно суспендирање на противуставната и илегална владина иницијатива за промена на Уставот на РМ и поништување на отфрлениот т.н. „Преспански договор“, итно распуштање на парламентот и закажување на предвремени парламентарни избори и формирање преодна техничка влада со ограничен мандат единствено за спроведување фер и демократски избори.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1