Министерката за здравство на Франција нареди истрага поради зголемениот број деца што се раѓаат без раце.
Министерката Агнез Бузин нареди истрага во неколку области , каде во последно време се зголемил драстично бројот на деца родени без раце. заедно со министерот за екологија , Франсоа де Руги ќе спроведат истрага , во која ќе бидат вклучени доктори и еколози.
,, Не можеме да се задоволиме со изјавата дека не сме ги откриле причините , тоа е недозволиво. “ , изјави министерката Бузин.
Во областа Аин се родени седум деца без раце од 2009 до 2014 , во Лоар Атлантик три деца во 2007 и 2008 година , додека во покраината Бретања четири деца од 2011 до 2013 година.
На почетокот на овој месец здравствените власти , кои ја испитувале ваквата страшна појава , заклучиле дека нема објаснување.
Министерката денеска појасни дека годишно во Франција се раѓаат меѓу 80 и 100 деца со малформации на екстремиететите , а причините може да бидат генетски , поради загадената средина или аналгетици и седативи кои ги земаат бремените жени.