Синот на убиениот новинар избега од Саудиска Арабија во САД


Синот на брутално убиениот новинар Џамал Кашоги , Салах , заедно со семејството избега од Саудиска Арабија веднаш по укинувањето на забраната за патување и замина во Вашингтон

Веднаш по укинувањето на забранатаз а патување од саудиските власти , синот на брутално убиениот новинар заедно со семејството замина за САД. Информацијата ја пренесе организацијата Humans Rights Watch , a ја потврди директоркатаз а Блискиот Исток , Сара Леа Витсон.

Џамал Кашоги , како што е познато , беше брутално ликвидиран во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул . Тој живеел во егзил во САД , каде имал и државјанство за да се спаси од прогонот на саудиските власти по отворените и јавни критики кон првите луѓе на таа земја во весникот Вашингтон Пост.

Завчера престолонаследникот на Саудиска Арабија , Мохамед бин Салман , кој се смета за директно одгвоорен за смртта на новинарот , ги прими во палатата неговиот син и брат му за да им изрази сочуство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1