Приказната за Македонецот кој се родил во авион и добил доживотно бесплатни карти


На 13 февруари 1978 година, за време на летот Б-707 од Југославија до Австралија, Марија Тодева од Македонија се породила во авионот. Тоа бил еден од првите такви случаи во историјата на воздушниот сообраќај.

Марија имала само 18 години. Во осмиот месец од бременоста, се качила на авионот што летал од Белград до далечниот Сиднеј. Таму ја очекувал сопругот Стојан, кој неколку месеци порано заминал за Австралија во потрага по подобар живот. Два часа пред слетувањето, започнало породувањето.

Стјуардесата и стјуардот ја одвоиле од патниците, по што ѝ помогнале да го донесе на свет нивниот син првенец.

Според кажувањата, папочната врвца ја пресекле со ножици, а дезинфицирале со виски. Така, авионот кој полетал со 106 патници, во Сиднеј пристигнал со еден патник повеќе. Веќе наредниот ден, веста за „бебето од авионот“ се појавила во сите југословенски и светски весници

Кум на бебето бил пилотот кој управувал со летот и самиот посведочил за овој несекојдневен настан. Го крстиле Јатко, во чест на авиокомпанијата ЈАТ (сега позната како Ер Србија). Тој е единствениот човек во светот, во чие место на раѓање е запишана регистрацијата на авионот YU-AGI.

Јатко добил и доживотно право да лета бесплатно со авиокомпанијата ЈАТ, до било која дестинација во светот. Верувале или не, но во текот на изминатите 39 години, тој ниту еднаш не го искористил овој подарок. Можел да отпатува каде и да посака, но одлучил да остане во Австралија, каде и ден денес живее со семејството.

Sitel.mk

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1