Французинката Роса Марија Да Круз се најде пред суд откако механичар откри дека девојчето живее во гепекот на автомобилот на мајка и.
Да Круз криела дека ќерката воопшто постои, не и давала храна и вода, поради што против неа во градот Тулу подигнато е обвинените за насилство врз малолетно лице кое предизвикало трајни последици.
Како што наведува неименуван извор од судот, на Круз и се заканува казна затвор од 20 години, пренесе АП.
Детето кога било пронајдено имало две години, неухрането било и со тешки проблеми во развојот, јави Франс инфо.
Во извештајот се вели дека мајката ја криела бременоста од сопругот и од трите деца, а кога се родило бебето го оставила во гепекот од автомобилот.
Девојчeто сега има седум години, има потреба од посебна нега и грижа.