Груевски избегал преку Албанија, потврди албанска полиција за „Топ Ченел”


Албанските медиуми објавија информација дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски на 11.11.2018 година во 19:11 излегол од Албанија во Црна Гора со автомобил на унгарската амбасада во Тирана, на граничниот премин „Хани Хоти“.

Груевски се упатил кон Црна Гора, а границата ја преминал со возило кое било во сопственост на Унгарската амбасада во Тирана со регистарски таблички CD1013A, jави албанската телевизија „Топ Ченел”.

Понатаму во соопштението се вели ,,лицето Никола Груевски на 11.11.2018 година во 19:11 часот ја напуштило Албанија и влегло во Црна Гора со автомобил на унгарската амбасада од Тирана- возило со таблички CD1013A, на граничниот премин „Хан Хоти – Божај“крај Скадарско езеро. Од полицијата велат дека немало причина да го сопираат бидејќи потерницата од Интерпол стигнала на 13.11 во 19.35 часот. Во полицискиот извештај нема одговор како тој влегол во Албанија.,,

Од албанската полиција не кажаа кога и како осудениот пратеник и експремиер Груевски влегол во Албанија.

Во Албанија и во Црна Гора македонските граѓани можат да влегуваат само со лична карта.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1