Давид, Иван, Фросина… – живот згаснат на пат – Светски ден на сеќавање на жртвите


Во Македонија на годишно ниво околу 160 луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди, а повеќе од 6.000 лица се повредени, соопштуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. На одбележувањето на 18 Ноември – Светскиот ден на сеќавањето на жртвите од сообраќајни незгоди, од Советот апелираат до сите надлежни институции да ја издигнат безбедноста на сообраќајот на врвот на агендата на дејствување, а учесниците во сообраќајот да покажат повисоко ниво на свест и одговорност во сообраќајот.

Денес е светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајните незгоди. За жал листата на имиња е предолга. Многу деца, многу млади – премногу солзи и расплакани семејства. Уништени животи и на возачите кои биле виновни за несреќите. Сузана, Фросина, Давид (13), Иван (16) …  расплакани мајки над телата на своите деца- живот згаснат на пат

За да се подигне свеста се прават многу кампањи.

pregazen-decak-pesak-

Еве како потсетување и една вест која го стресе балканот, која јасно го отсликува очајот на сите инволвирани во несреќите.

Трагично, стравично и тажно – вака ја опишуваат сликата. Виделе дека младото момче лежи неподвижно на улицата.

До него возачот на автомобилот кој откако видел што се случило и дека момчето е неподвижно, клекнал крај него држејќи се за главата и силно викал. Зошто зошто!

Несреќното момче од ударот летнало 20 сетина метри, а неговите патики летнале неколку метри од телото.

pesaka-zvezdara-1348874452-213744

По многу кусо време на местото пристигнал и таткото на момчето, кому соседите му јавиле за стравичната несреќа.

Клекнал до синот, го гушнал неговото неподвижно тело и викал од болка.

Ниту полицајците не можеле да го одвојат од телото. А кога возилото на брза помош сакало да го одвезе телото, таткото не давал да се затвори вратата, кукајќи од неизмерна болка.

ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ – ВОЗЕТЕ КАКО СЕКОЕ ДЕТЕ НА УЛИЦА ДА Е ВАШЕ !!!!!

katolickapregazen

Foto - Faktor.mk

Foto – Faktor.mk

novinarka500

Screenshot_84

Според податоците на Светската здравствена организација, годишно во сообраќајни незгоди животот го губат околу 1,3 милиони луѓе, што претставува 2,2 проценти од глобалната смртност. Овие податоци покажуваат дека над 3.500 лица дневно умираат како последица на сообраќајни незгоди, а околу 140.000 лица се повредени. Од нив, дури 15.000 лица се здобиваат со траен инвалидитет.

По повод „Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди“, 18 ноември, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до сите надлежни институции да ја издигнат безбедноста на сообраќајот на патиштата на врвот на агендата на дејствување, но исто така, апелира до секој поединец – учесник во сообраќајот, да покаже повисоко ниво на свест и одговорност во сообраќајот.

Црната слика на патиштата можеме да ја промениме само ако секој поединец, учесник во сообраќајот, го даде својот личен придонес за побезбеден сообраќај.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1