Преслушување- и официјално „мета“ биле обвинителите


Македонија влезе во уште една афера со преслушување. Овој пат и официјално „мета“ биле обвинителите од Јавното обвинителство и судиите од Кривичниот суд.

Додека се уште се водат судски процеси за незаконски прислушувани разговори, јавноста ја тресе нов скандал незаконско следење на комуникациите, овој пат тие на правосудните институции. Откако јавниот обвинител Љубомир Јовевски откри дека неколку години биле прислушувани разговори во ОЈО, доцна синоќа премиерот Заев обелодени дека покрај обвинителите, на ист начин биле прислушувани и судиите во кривичниот суд.

Од ОЈО денеска велат дека ги проверуваат сите аспекти на настанот и работат на утврдување на евентуална кривична одговорност. Од таму додаваат дека постојат индиции прислушувањето да било уште од 2013 година.

..Предистражната постапка е отворена веднаш по добиените сознанија дека телефонските разговори остварени преку фиксна телефонија во зградата на јавното обвинителство биле снимани. Иако пронајдените податоци со снимени разговори на двата хард диска од телефонската централа датираат од 2016 година, постојат индиции кои укажуваат дека снимањето траело од набавката и инсталирањето на опремата, односно од 2013 година. Во таа насока, се проверува и дали снимените разговори биле избришани или пренесени на друг уред.

Од Обвинителството велат и дека проверуваат дали на ист или сличен начин биле снимани телефонски разговори и во други правосудни институции. Скандалот со прислушувањето беше обелоденет вчера на брифинг со новинарите од првиот човек на ОЈО Љубомир Јовевски, кој кажа дека двата хард диска и снимањето на разговорите ги откриле лица вработени во обвинителството.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1