Мицковски: Ќе дојде денот кога Кацарска и Русковска ќе ви го завртат грбот и ќе пропејат за сите нарачки


Поддржувачите и членовите на ВМРО-ДПМНЕ вечерва повторно излегоа на протест да го искажат својот револт од политиките кои ги води актуелната власт и повторно побараа оставка. Маршираа од пред партиското седиште, до пред зградата на Владата.


Пред Владата се обрати опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски кој порача:

Време е да кажеме доста на она што на Македонија и го прави оваа Влада. За бадијала се мачите. За бадијала се трудите и мене да ме испрљате и да го извалкате името на ВМРО-ДПМНЕ и сите членови. Не ви проаѓа повеќе картата на емоција. Народот не ве сожалува, не сте жртва. Вие сте ловците на овој народ. Вие сте ловците на Македонија и на македонскиот народ. Народот ќе ве осуди. Како да ви веруваат овие луѓе дека имаме независно судство, дека имаме независно обвинителство, кога ќе излезе министерот за внатрешни работи и ќе каже, не се секирајте, не се грижете, материјалите се на безбедно. Каде? Кај него во фиока за да може да ги уценува судиите и обвинителите?“, запраша Мицкоски.

Ја обвини власта за монтирање случаи и уценување на обвинителите и судиите.

Ќе дојде денот кога судијката Кацарска и обвинителката Русковска ќе ви го завртат грбот и ќе пропејат за сите нарачки, за сите уцени кои што им ги правите– рече Мицкоски.

На власта и порача дека е доста и дека ќе ги победат, а како што рече тоа ќе го видат на следните претседателски избори.

Сонот на секој граѓанин е да ги гледа своите најблиски среќни и весели, но луѓето стануваат се поразочарани, гледајќи дека нема иднина. Оваа влада неможе да понуди ништо со што квалитетот на животот ќе биде подобрен. Секаде околу нас гледаме нешто што само со еден збор може да се опише, а тоа се црнила, истакна Мицкоски.

Протестот е втор во организација на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако минатиот месец Извршниот комитет на партијата донесе одлука во наредниот период да организира протести против политиките на власта.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1