Обид за шверц на муниција од Албанија во Македонија


Царинските службеници од граничниот премин Ќафасан откриле обид за нелегално внесување муниција за огнено оружје.

На 05.10.2012 година, при влегување во Македонија во возило Passat најдени се 120 куршуми завиткани во пластична ќеса, јавува македонската царина, пренесува А1он. Во возилото биле  македонски државјани од Велешта, Струшко, двајца сопружници.

При царинскиот преглед возачот велел дека нема ништо за пријавување, но откако била извршена контрола на возилото, под совозачкото седиште, покриена со џемперот на жената, била пронајдена најлонска кеса со  120 куршуми за огнено оружје, со калибар 7,62 mm.

Куршумите се дадени на вештачење, а против возачот  ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1