Официјално барање за укинување на безвизниот режим за Македонија и Србија


Министерот за внатрешни работи на германската покраина Хесен, Борис Рајн побара од владата во Берлин веднаш да ја повлече одлуката за безвизен режим за државјаните на Србија и Македонија поради злоупотреба на правото на азил, јавуваат српските медиуми.

Во писмото кое тој го испратил до министерот ва внатрешни работи на Германија Ханс Петер Фридрих е наведено дека од воведувањето на безвизниот режим во 2009 бројот на барања за азил, посебно на пропадници од ромската националност од овие две земји драстично се зголемил.

Според зборовите на министерот процентот на одобрен азил е рамен на нула што покажува дека подносителите на барањата не се изложени на прогон, туку од економски причини сакаат да останат во Германија.

Таков лажен прилив на азиланти, оценува Рајан, го засилила и пресудата на уставниот суд од 18 јули 2012 која во голема мера како последица го имала изедначувањето на сумата која ја добиваат од државата оние кои бараат азил со износот на социјалната помош и после таа одлука бројот на лица кои во Хесен барала азил, само во септември пораснал за 80 насто во однос на август.  А само во првите денови на октомври биле регистрирани 330 нови баратели на азил. Ова може да се спречи само со дирекна политичка иницијатива на владата која за цел би го имала укинување на слободните визи за државјани на Србија и Македонија.

Пред Хесен од германската влада ова го побараа претседателот на одборот за внатрешна политика на Бундестагот, Волганг Бозбах и баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман.

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1