Човечка сперма од матични клетки


Американски научници ќе се обидат да создадат човечка сперма од матични клетки, по успешното истражување во Јапонија со глувци.

На Универзитетот од Кјото, користеле матични клетки од глувци за да произведат семе, со што успеале да извршат оплодување од кое се размножиле мали глувчиња, пишува Би-Би-Си.
Лекарот Ренее Пера, од Универзитетот Стенфорд во Калифорнија, има намера да произведе човечка сперма, што ќе се користи за репродукција за две години, но и јајце клетки кои ќе може да се користат за пет години.

-Знам дека луѓето мислат дека ова е Франкештајнова медицина, но ова не е измислен медицински проблем. Неплодноста влијае на целиот живот. Да водите секс и да имате дете е многу едноставно, но, не можат сите да го остварат тоа – рекла Д-р Пера.
Матичните клетки може да се претворат во било која клетка во телото, а создавањето на јајце клетки во лабораторија, може да стане големо откритие како што тоа е денес вонтелесното оплодување.

Поради уништување на ембрионите, ова истражување наишло на негативни реакции од противниците на ваквото оплодување. Д-р Пера кажува дека годишно во Америка се оплодиле 1.5 милиони ембриони користејќи вонтелесно оплодување, а околу 500.000 од тие ембриони се отфрлаат. Но, за ова истражување се користат само 500 ембриони.

Share Button
Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1