САКАТЕ НЕШТО? Фејсбук сега има решение за тоа


Фејсбук почнал да ги тестира „Want“ опцијата која ќе им овозможи на корисниците да направат попис на работите што сакаат да ги имаат.

По излегувањето на берза, Фејсбук ги претставил бројните новитети на својата социјална мрежа – од подобрување на мобилните апликации, па до можноста за подароци и наплата на објава и фотографија.

Сега оваа компанија почнала да тестира уште една занимлива опција, наречена Collections, која би помогнала на нејзините корисници, а Цукерберг би можел да заработи на неа големи пари п станува збор за попис на желби, т.е. работи што корисниците сакаат да ги имаат, па освен „Like“, ќе воведат и „Want“ опција.

ФЕЈСБУК СТИГНА ДО МИЛИЈАРДА КОРИСНИЦИ!

Корисниците на некои страници од партнери на Фејсбук, ќе можат да кликнат и на „Want“ опцијата, која би требало да се наоѓа покрај производот на нивните интернет страници.

Ројтерс пренесува дека со оваа опција Фејсбук може да стане важна компанија на онлајн пазарите, бидејќи со помош на оваа социјална мрежа, повеќе од милијарда негови корисници ќе можат да купуваат производи – иако самата компанија на почетокот нема да земаат провизија за извршеното купување.

Аналитичарот Колин Себастијан кажува дека интернет трговијата(е-бизнис), е најдобар начин компаниите да го зголемат својот профит благодарение на интернет – Фејсбук дополнително би можел да зема провизија за извршените трансакции, но може многу да заработува од наплата на огласи на „листата на желби“ од своите корисници.

НОВА АПЛИКАЦИЈА: Наскоро ќе праќаме и подароци преку Фејсбук

Имено, кога корисниците ќе кликаат на „Want“ копчето на разни страници, тие производи ќе се наоѓаат во категоријата „Collections“,чии производи ќе бидат на листата на желбите на корисниците, кои сигурно би сакале и да платат за да се наоѓаат и рекламите за производите што корисниците ги сакаат.

Така, ако на вашата листа се наоѓа, на пример – мобилен телефон, некоја компанија покрај таа листа би можела да објави оглас дека имаат попуст токму за тој телефон, за на тој начин да се привлечат корисниците да го купат телефонот од нивната компанија.

Исто така, корисниците на Фејсбук би можеле да ја наполнат оваа листа пред роденден и на тој начин да ги предупредат своите пријатели што би посакале како подарок. Дури би можело и на нивните пријатели да им се прикажат огласите поврзани со тие подароци, за да може веднаш да им ги купат.

Опцијата „Collections“ на почеток нема да биде достапна на сите пазари. Фејсбук прво ќе ја претстави на дел од корисниците во САД, па со текот на времето сите корисници во оваа земја би требало да ја добијат „Want“ опцијата.

Share Button

Tags: , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1