Почина Вања (16): Храброто дете кое ја спаси својата мајка од силување


Шеснаесетгодишното дете кое ја спаси својата мајка од силување почина 19 месеци откако напаѓачот му го смачка черепот. Иван Вања Крапивин добро се опоравуваше иако изгуби поголем дел од челната коска во нападот кој се случи во мај минатата година, но пред два месеци доби грип и почина во вторникот.

Детето од местото Северодинск на северозападот од Русија, дошло дома од училиште и го затекнал соседот над мајката Наталија Крапивина, која била натопена во крв. Роман ПРонин (37) ја присилувал жената на секс, па Вања, за да ја спаси мајката, зел тег од 3 килограми и со него го удрил мажот, пишува news.sky.com.

Напаѓачот го грабнал тегот и со него го удрил детето по глава, по што побегнал, верувајќи дека и детето и мајката се мртви. Соседите кои ги слушнале нивните лелеци, ги пронашле онесвестени во локва крв.

Вања по нападот беше во кома 9 месеци, додека неговата мајка се опоравувала откако била избодена 27 пати. Хирурзите во текот на операцијата мораше да му отстранат дел од мозокот. ТВ водителот Андреј Малков покрена кампања за собирање пари за да му купат титаниумски делови за черепот и да ги покријат неговите медицински трошоци.

Година дена по нападот, покажувал „лесни знаци дека е свесен“, а во јуни Вања почна да ја препознава медицинската сестра и почна да јаде течна храна. Месец дена подоцна е испратен во Москва, во центар за рехабилитација, а почна и собирање на средства за да се испрати Вања во Шпанија на понатамошно опоравување.

Мајката на Вања се соочуваше со критики во Русија зошто цело време, додека се опоравувало детето, го посетила само неколку пати. Таа се бранела дека не можела себеси да се натера да го посети, зошто се чувствува виновна за нападот. Пред нападот, таа повеќе пати ги молела надлежните да не му дозволуваат на Пронин, осуден убиец, да живее во близина на нејзиното семејство по ослободувањето.

Тој по нападот е осуден на 14 години затвор за обид за убиство на мајката и синот.

По смртта на детето, обвинението е сменето во обвинение за убиство. Сега е покрената истрага за да се утврди зошто на Пронин му било дозволено да живее близу децата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1