Новина од УЈП, за да знаеме колку данок треба да платиме, секој ќе треба да ангажира сметководител


Покрај покачените даноци и растот на цените, македонските граѓани од наредната 2019 година ги очекува уштете едно дополнително финансиско оптоварување. пишува Курир.мк

За да успеат даночните обврзници да се снајдат со новите даночни стапки по различни основи, по новиот закон кој треба да стапи на сила од први јануари 2019, најверојатно ќе им треба да си ангажираат лични сметководители за да не заталкаат во даночните лавиринти.

Во синоќешното издание на “Економски магазин“ на Алсат м телевизија, во кое гостуваше директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, на прашање на водителот, дали секој кој што има дополнителни приходи од редовната плата и редовната пензија, би требало секој да има свој сметководител за да може да си ги води сметките за да знае колку данок ќе треба да плати, директорката Лукаревска одговори дека таа е праксата во сите европски земји, секој си има свој сметководител.

– Во сите европски земји така е најчесто, праксата е таа. Секое физчко лице си има свој сметководител. Меѓутоа мислам дека нашите сограѓани навистина се доста едуцирани и дел од нив и сами знаат да ги спроведуваат овие смедководствени работи, рече Сања Лукаревска.

Курир.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1