Шефот на државата, Ѓорѓе Иванов попладнево во обраќање во јавноста изјави дека неколку пати предупредил дека стабилноста на Македонија ќе биде загрозена.
Вели дека се обраќа за да ги разобличи сите лаги и црни сценарија.
„Во кабинетот на претседателот никогаш не се разговарало за прогласување на воена или вонредна состојба“, рече тој.
Повика странците да излезат и да кажал кој наводно му вршел притисок.
Рече дека воена состојба се прогласува кога е нападната државата или е објавена војна.
„На 27 април немавме ништо од ова“, рече Иванов.
Вели дека со кабинетот се мета на лажни вести и конструкции.
Иванов рече дека нема да отстапи од своите ставови. Тој ги деманираше сите информации кои укажуваат на наводна негова вмешаноста во настаните од 27 април лани.