Со новиот закон потрошувачите ќе можат да поднесуваат колективни тужби


Потрошувачите не знаат како да си ги заштитат своите права. Никој не се пожалил до Организацијата на потрошувачи откако четири дена Топлана Север не испорачуваше топлинска енергија.

Со сегашниот закон, потрошувачите не можат да поднесат колективна тужба против еден трговец. Туку мора да се пожалат во Организацијата на потрошувачи, која потоа го контактира правниот субјект.

Се подготвува нов Закон за заштита на потрошувачите во кој колективната тужба ќе биде регулирана.

Од топлана север на граѓаните им ветија ќе бидат обештетени. Односно, ќе има порамнување во јануари. Но никој нема да им ги надокнади парите кои тие ги потрошија за да се греат на струја.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1