Гробот на Есма Реџепова доби достоинствен изглед


Вечното почивалиште на Есма доби спомен обележје. На бел мермер е поставена нејзина слика, испишан е животниот век а е уредена и околината на гробното место. Според напишаното, споменикот на Реџепова-Теодосиевска го подига владата на република Македонија.

„Подигнувањето на спомен обележје на кралицата на ромската музика на нејзиното вечно почивалиште доаѓа по две години од нејзината смрт. Во изминатиот период, гробното место на Есма беше речеиси необележано заради недоразбирања меѓу нејзините внуци и посвоени деца“

Неодамна за ваквата состојба сведочеше и Симеон Атанасов, едно од посвоените деца на Реџепова. Тој во изјава за Сител рече дека уште по 40-те дена од нејзината смрт сакал да направи споменик но во тоа бил спречен од внуците на Есма.

– Кој си ти да правиш нешто. Ние сме Реџепови, ти си Атанасов и немаш никакво право на ништо. Брутално бев тргнат на страна за се, изјави Атанасов.

За наследството на Есма се води и судски спор. Според двата тестаменти кои таа ги остави, домот во кој живееше треба да е Музеј во сопственост на државата. Авторските права за нејзината музика да ги добие нејзиниот посвоен син Симеон. Но и двата тестаменти се оспорени од внуците на Есма од нејзините браќа и сестри.

Додека се чека судската разрешница, куќата која треба да е музеј се распаѓа. Обрасната е во трева, ограбена и наполно испразнета.

Сител Телевизија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1